(ВИДЕО) Ременски: Со системските решенија на СДСМ, ставаме крај на неправдите кон земјоделците

0
364

Денеска сме со жителите на Ресен и ресенско. Се запознаваме со нивните проблеми и ги нудиме и споделуваме решенијата од програмата на СДСМ за проблемите што ги имаат ресенчани. Има голем број проблеми. Најголеми проблеми се од егзистенцијална природа, рече потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски. Ременски:

Со системскит… „Граѓаните коишто произведуваат јаболко и се јаболкопроизводители се жалат за ниската откупна цена на јаболкото и за несоодветниот и ненавремен пласман. Исто така апелираат и забележуваат дека даденото ветување од владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ е нереализирано, односно штетите претрпени од пролетниот мраз не се проценети, ниту граѓаните се обесштетени.

Тоа е недозволиво и не смее да има издвојување од државниот буџет за тркалото на лудоста и на сите други луксузни проекти на Груевски и ВМРО ДПМНЕ што се реализираат во Скопје, а сите други градови во РМ, како и Ресен, производството да остане недопрено. Затоа апелираме дека промени мора да се случат и промени ќе има, не само за овие проблеми, туку за сите проблеми што Груевски и ВМРО ДПМНЕ ги создадоа во последните 10 години.

СДСМ со системски мерки во земјоделието ќе обезбеди државна гаранција за откупот на јаболкото и пласманот на јаболкото. Со низа системски решенија ќе го подобриме амбиентот за производство и развој на земјоделието во РМ, но најважно од се е дека новата влада на СДСМ, по промената на власта, ќе обезбеди достапност до субвенциите за земјоделците, за вистинските земјоделци, а не за луѓето коишто воопшто не се занимаваат со земјоделие, а сите овие 10 години ги злоупотребиле субвенциите.

Промени ќе има и мора да има“, рече Ременски.