(ВИДЕО) Ременски: Ситуација со мигрантите налага посериозен ангажман на институциите

0
1285

FTRemenski_2208

Изјава за медиуми на Фросина Ременски, попретседателка на СДСМ:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=5DB4BGT2Nd0[/youtube]

Почитувани,

Денес сме во Гевгелија во посета на критичните места со мигранти. Состојбата е алармантна, критична и многу сложена.

16497_998089886889030_3372535101264926230_n-540x360

Сложеноста на ситуацијата налага посериозен ангажман на институциите, 24-часовно следење на состојбите поврзани со бројот на мигрантите од другата страна на границата, протокот на мигрантите, запазување на процедурите, потребите на мигрантите и сл.

11921607_998089683555717_4537206181397849348_n-540x360

Вчерашните настани и бројот на мигрантите кои изминативе два месеци транзитираа низ Република Македонија до излезот на северната граница со Србија, со сите немили настани поврзани со нивната безбедност само ги потврдија укажувањата дека е потребна навремена реакција на надлежните институции.

11863314_998089756889043_6183300239941427762_n-540x360

Времените решенија и формираниот кризен штаб од страна на Владата на РМ не се доволни, за да може РМ соодветно да одговори на овој предизвик. Изложувањето на припадниците на Армијата, на полицијата и на мигрантите на ризици од меѓусебни судири при спроведување на мерките на штабот, ги става во опасност од пречекорување на нивните овластувања и третманот на оваа ранлива и меѓународно-правно заштитена категорија на лица. Тоа е на штета на угледнот на државата и зборува за степенот на подготвеност да се одговори со хуман третман и грижи кон мигрантите.

11866366_998089896889029_5572031473695553517_n-540x405
На овој предизвик за Република Македонија, мора да се одговори согласно законските обврски на државата и ратификуваните меѓународни конвенции. Регионалниот пристап во третирање на проблемот е неопходен и затоа мора да се зајакне соработката со земјите од регионот во врска со ова прашање. Дополнително треба да се побара поголема помош од ЕУ во средства и програми коишто исто така се неопходни.

11921718_998089976889021_1833409778486268081_n-540x405

СДСМ, следејќи ги состојбите, и порачува на Владата посериозно да се зафати со третманот и решавањето на проблемите со кои се соочуваат и мигрантите и граѓаните на населените места низ кои транзитираат мигрантите. Регулирањето на бројот на премини од страна на мигрантите е само еден аспект од проблемот. Обезбедувањето на хуман третман од страна на службените лица со организирано пружање на медицинска помош и помош во храна, средства за хигиена и простор за заштита од временски влијаниа и одмор, како и безбедноста на транзитот низ Македонија до излез на мигрантите преку северната граница мора да бидат приоритетите.

Владата мора да ги зголеми ресурсите и капацитетите за да може соодветно да одговори на овие потреби.

Сметаме дека е неопходно одржување на средба на одговорните во земјите од регионот, за реално согледување на проблемите и договор за соодветен одговор на проблемот со мигрантите.

Исто така апелираме до граѓаните и до службените лица кои се во прв контакт со мигрантите, максимално да ја покажат грижата за најранивата категорија на мигрантите на кои им е најпотребна – децата, жените, постарите и болните.

СДСМ смета дека не само централната власт туку и локалната власт, зафатена со транзитот на мигрантите од Република Македонија мора да ги стават целокупните човечки и ресурсите на локалната самоуправа во функција на задоволување на потребите и на мигрантите, за нивен транзит, меѓутоа и за обезбедување на нормално функционирање на граѓаните низ населените места низ коишто граѓаните транзитираат.

Сметаме дека овие настани не смеат и не треба да бидат тема за политички поени. Социјалдемократскиот сојуз е искрен во намерата и во укажувањето на проблемот со мигрантите. Во таа насока ги поддржуваме сите инволвирани, особено припадниците на полицијата и армијата и апелираме за хуман однос и третман на мигрантите. Истовремено, порачуваме дека СДСМ е подготвен да ги стави на располагање целлокупните свои капацитети, човечки, за да им помогне на надлежните во реализирање на мерките за грижа на оваа ранлива категорија на граѓани.