(ВИДЕО) Ременски: Потребно е годишното услогласување на пензиите со растот на трошоците

0
654

5945-remenski_0903-670x360Изјава на Фросина Ременски, министерка за труд и социјална политика

Денеска сме во целодневна посета во Струмица. Пред се, на самиот почеток на посетата го посетивме дневниот Центар за деца со посебни потреби, Центарот за социјални работи, тука во моментот сме на посета на пензионерите коишто преку Министерството за труд и социјална политика ја користат можноста за банско-климатска рекреација.

Во моментот, во хотелот Цар Самуил се сместени 130 пензионери коишто ја искористуваат оваа убава можност за здравствено опоравување, но и за релаксација.
Ја поддржуваме секоја иницијатива којашто оди во насока на подобрување на правата на пензионерите.

По посетата, од хотелот Цар Самуил ќе продолжиме со посета во Центарот за заштита и рехабилитација каде што ќе оствариме средба со директорот да не запознае со прашањата и проблемите со коишто се соочува заводот.

На крајот на денот ќе направиме посета на детската градинка Детска радост за да можеме да се запознаеме со грижата за најмалите.

Во овој контекст сакам да кажам дека грижата на Министерството за труд и социјална политика и мојата од позиција на министер во овој период во Владата на Република Македонија обрнуваме внимание за вистинска и реална грижа за пензионерите.

Кога зборувам за вистинска и реална грижа за пензионерите пред се мислам за подобрување на севкупните услови во коишто престојуват и живеат старите лица.

Направивме обиколка на сите старски домови во Република Македонија и ги забележавме истите проблеми со коишто се соочуват, а тоа се несоодветни услови за сместување на старите лица во домовите коишто се општински јавни установи, меѓутоа и со проблемот на недоволните средства за вложување на обнова на капацитетите што ги имаат.

Последната посета на домот за стари лица во Прилеп ја реализиравме како успешна средба од којашто произлезе и проширување и дополнување на планот за јавни набавки во Министерството за труд и социјална политика со можноста да се издвојат средства за реновирање на тој еден кат што е нотиран како субстандарден во домот.

Кога зборуваме за релната грижа за пензионерите имаме во предвид дека треба многу да се вложува за да се подобри реалната позиција на пензионерите.

Пред се мислиме на враќање на годишното услогласување на пензиите со растот на трошоците за живот. Ако се сеќавате тоа беше два пати во годината јануари и јули месец.

Од пред 3 години имаме номинално зголемување на пензиите односно целата маса на пензии за 5% и линеарна исплата на покачување на пензија од 500 денари за што сметаме дека не е согласно принципот на еднаквост во однос на висината на корисниците на пензии.

Планираме да го вратиме законскиот основ за два пати усогласување на пензиите во текот на годината што ќе придонесе за раст на пензиите во текот на годината за повеке од 600 денари како што е во моментот. 600-те денари нема да се намалат меѓутоа ке оди секако зголемувањето на пензијата многу повеќе, затоа што основата и трошоците за живот се многу поголеми од она што е реално зголемување на пензиите во моментот.

Планираме да ја зголемиме висината на пензиите за корисниците за бесплатното болничко лекување. Сега во моментот е ограничено на просечната пензија од 13 000 денари, ќе ја покачиме висината на 15 000 денари за да можат и тие со 15 000 денари да го користат бесплатното болничко лекување, за да можат да си ги остваруваат правата што им следуваат, не само во јавниот сектор туку и во приватниот што ке биде обезбедено со склучување на договори со приватните здравствени установи за да може бесплатното болничко лекување да биде финансирано и во приватното здравство.

Кога зборуваме за правата зборуваме и за почитување и на принципот на недискриминација што значи дека сите пензионери во Македонија мораат да ги уживаат истите права.

Тоа значи дека бесплатниот превоз што го уживаат пензионериоте од градот Скопје мора да биде право и на сите останати пензионери во Република Македонија за да се ослободат од трошоците за јавен превоз или за меѓуградски превоз во којшто ќе можат да го искористат правото како пензионерите во Скопје.

Кога зборуваме за грижата мислиме и на следново, дека има голем процент на граѓани во Република Македонија коишто имаат години на старост, но немаат години на стаж од работен однос за да се стекнат со право на пензија, но има и такви случаи кога заради бројни други причини никој воопшто не ни работел, нема ден стаж.

За тие лица предвидуваме државна социјална пензија во висина од 60% од просечната пензија што ке им овозможи достоинствена старост.

Затоа што тоа е вистинската грижа за старите лица, да им обезбведиме достоинствена старост и да им обезбедиме достоинствен живот во периодот којшто им е до крајот на животот.

Ги поттикнуваме сите општини во Република Македонија меѓу коишто денеска и општината Струмица да го продолжи проектот за изградба на старски дом во којшто ќе бидат обезбедени капацитетите за сместување на старите лица.

Дополнително, од посетата во Прилеп ние веќе го направивме тој чекор, побаравме од општините кои се основачи на општинскмите јавни установи и домовите за стари лица да ги ослободат од плаќање на надомест за лекување и лекови на сите сместени на приватен трошок во државните старски домови.

Што значи тоа. Во старските домови се сместуваат и лица на коишто центрите за социјални работи им ги покриваат трошоците за лекување и за лекови, но тоа не е случај со пензионерите кои на сопствен трошок со минимални пензии се сместуваат во домовите.

Направивме допис до општините, до Фондот за здравство, за да се ослободат од трошоците за лекување и за лекови и лицата за коишто немаат центрите за социјални работи обврски да ги подмируваат трошоците за лекови.

Така што денешнава посета е една од посетите којашто ја правиме низ Република Македонија да ги поздравиме пензионерите да им посакаме добро здравје, добар престој во овие одлични услови кои ги имаат во хотелот Цар Самуил и во сите останати места каде што во монетот ја користат оваа можност и да укажеме на јавнсота дека сите проекти коишто се во насока на подобрување на здравјето, заштита и грижата за старите лица ќе продолжат и во иднина.