(ВИДЕО) Ременски во Прилеп: Конкретна грижа за старите лица, Домот во Прилеп ќе биде обновен

0
401

Посетата ја започнавме со положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите бранители од Прилеп, оддавајќи им почит и додавајќи дека не треба да се сеќаваме на нив, само кога го одбележуваме денот на нивната погибија, туку да потсетуваме секој ден, особено во време во коешто ни е драгоцен мирот и толеранцијата во Република Македонија, избегнувајќи ги сите реторики и сите активности коишто повикуваат на насилство и на тензија. Во таа насока нашата порака е дека на Република Македонија и е неопходен мир, сожителство, толеранција, еднаквост на сите граѓани на Република Македонија, без разлика на нивната етничка и веркса припадност. Дополнително поразговаравме за прашањата коишто ги засегаат воените инвалиди и договоривме, работна средба во МТСП, со здржението на бранители од Општина Прилеп, и од ограноците на Република Македонија со цел изнесување на нивните проблеми со коишто се соочуваат и решавање на нивните прашања и статуси за коишто имаат сериозни забелешки, рече Фросина Ременски, Mинстерка за труд и социјалан политика.

Втората посета од денешнешнава дневна посета е домот за стари лица во општина Прилеп, со директорката направивме дел од разговорите за коишто сме обврзани да ги спроведеме и како наша надлежност на Министерството, но и како обврска на директорот на домот на стари лица, сооглед на фактот дека декември месец минатата година на 14-ти, МТСП изврши вонреден инспекциски надзор во домот за стари лица со цел да ги утврди условите, нормативите и стандардите во коишто функционира самиот дом, од причина што во тој период беа бројни медиумските гласини по однос на условите во коишто живеат, штитенците и корисниците на услугите во домот за стари лица. Фактот дека од минатата година, од февруари месец беше блокирана сметката на домот за стари лица, укажува на една сериозна потреба за едно домаќинско работење и трошење на сретствата и финансирачката сметка на домот за стари лица, меѓутоа и укажувањето дека коишто генерално го упатуваме од секоја посета во домовите за стари лица во Република Македонија, дека државната помош или блог донациите кои што МТСП ги префрла на домовите за стари лица од 2010 година, во континуитет се намалуваат.

Сметаме дека тоа е една нерационална и несоодветна политика, ако зборуваме за вистинската грижа за старите лица и за нивното достоинствено живеење и згрижување во домовите. Значи, сметам дека без потребните финансиски издатоци во делот на набавување не зависи од 630 милиони евра во музеји и во театри, се непотребни ако се земе во предвид дека сите домови за стари лица, кубурат за сретства од државата како блог дотации, коишто со години наназад се намалуваат и преполовуваат. Ако земеме во предвид дека и оваа година д буџетот на РМ, се издвоени недоволно сретства да ги покријат потребите на јавните установи на домовите за стари лица, тоа зборува за една потреба од домаќинско работење. Врз основа на бројните извештаји коишто доаѓаат до нас, врз основа на ова што денеска го имавме како разговор со директорот на домот за стари лица во Прилеп, спремни сме договоривме, МТСП ќе отпочне постапка за јавна набавка за изведување на градежни активности по однос на реновирање на домот за стари лица на 1 кат коишто во сите извештаји е нотирано дека е надвор од стандардите и условите во коишто се потребни за живот на старите лица.

МТСП ќе издвои сретства од буџетот на министерството за да покрие дел од трошоците, меѓутоа тука останува врската за домаќинско работење на директорот по однос на користење на сретствата за самофинансирачката сметка којашто ќе треба повеќе да се посвети во грижата во делот на менито за исхрана на корисниците и на сите услови коишто треба да се обезбедат за старите лица, а додека и општината како основач на домот за стари лица ќе треба истотака да направи напор, и оттука и апелираме да донесе програма за социјална грижа за граѓаните на Прилеп за 2016 година, врз основа на коишто ќе може да се реализира најавената помош за домот за стари лица во Прилеп.

Така што во оваа прилика и укажуваме дека грижата за стари лица нетреба да остане само на реторика, туку треба навистина да се пристапи кон сериозни зафати коишто ќе им го подобрат условот за живот тука. Дополнително правиме иницијатива коишто ќе ја упатиме до фондот за здраство и до општините како основачи на домовите за стари лица сите корисници и штитеници во домот коишто се со приватно сместување, а ги покриваат сами трошоците за лекови да се излезе во пресрет на таа иницијатива и да се превзема обврска основачот, општината или Фондот за здраствено осигурување да ги ослободи и да ги подмири трошоците за набавка на лекови на лицата коишто приватно си ги набавуваат. За да биде појасно за јавноста, сите штитеници коишто се сместени во домот, а се со решение од центрите за социјални работи се ослободени од плаќање на трошоците за лекување и за лекови. Тоа го прави центарот за социјални работи, меѓутоа факт е дека во домовите се сместуваат и лицата коишто не се згрижени со решение од центрите за социјални работи и бараме преку таквата иницијатива да се воспостави еден еднаков пристап спрема лицата коишто во овој случај и финансираат одржување на самите домови да се покаже и една сериозна грижа за нив. Дополнително , после оваа средба имаме средба со директорот на центарот за социјални работи во Прилеп со којшто ќе позборуваме за акутелните прашања со коишто тој се соочува во своето работење, со состојбите коишто се затекнати во центарот за социјални работи, меѓутоа посебен интерес ќе биде ставен на зголемувањето на бројот на бракоразводни парници и постапки за помирување коишто се водат во центарот за социјални работи.

Значи , последниве 3 години општина Прилеп бележи енормно зголемување на бракоразводните парници и  постапките коишто се водат во центарот за социјални работи по однос на помирувањето и зголемување на стапката, односно на бројот на жртви на семејно насилство и сторители на семејно насилство. Сметаме дека директорот којшто е одговорен за функционирањето на центарот за социјални работи ќе треба да направи дополнителни кадровски екипирања и зајакнување на стручните тимови коишто работат на оваа проблематика со една поголема грижа и посветеност, овие бројки за коишто зборуваме денеска следнава година и до крајот на годината да бележат опаѓање а не зголумвање . Тоа е во интерес и на странките, меѓутоа најмногу е во интерес на децата бидејќи самите тие постапки зафаќаат и други прашања. По завршувањето на посетата на центарот за социјални работи ќе го посетиме и дневниот центар за деца со посебни потреби бидејќи со него исто така управува меѓуопштинскиот центар за социјални работи Прилеп за да видиме исто така со какви состојби и проблеми се соочуваат дневните центри имајќи во предвид дека сите дневни центри во Република Македонија коишто работат со лица со посебни потреби и деца со посебни потреби имаат проблеми по однос на ресурсите, по однос на кадрите коишто се потребни , а работат на стручните прашања за потребата на корисниците. Во таа насока, ќе бараме решенија за излез.

Она што е генерална перцепција од моето досегашно работење во министерството за труд и социјална политика по однос на бројните извештаи кои ги побаравме , инспекциските надзори коишто ги направивме во изминатиот месец говорат дека долги години наназад не е водена никаква грижа за потребите на центрите за социјални работи почнувајќи од аспект и на кадровото екипирање на стручните тимови коишто работат на проблематиката на даватели и приматели на услуги, меѓутоа и во однос на ресурсите. Оттука, сакам да кажам дека голем број на центри дури и немаат ресурси, односно материјални средства и возила со коишто ја обавувале и ја обавуваат теренската неопходна активност за утврдување на граѓани во социјален ризик. Едно возило е и за пошта, едно возило е и за терен ,така што правиме напори преку  доставување барања до институции да отстапат на користење возила коишто би можеле да се стават на располагање на центрите за социјални работи  по однос на задоволување на овие нивни потреби. До Владата ќе доставиме информација во којашто ќе бараме Агенцијата за запленет имот ако има на располагање моторни возила во исправна состојба коишто би можеле да бидат остапени на центрите за социјални работи да бидат отстапени токму заради извршување на нивната функција и дејност. И оставаме простор на крајот на оваа работна посета денеска да оствариме и неколку средби со корисници на социјална помош и семејства коишто се соочуваат со одредени проблеми, да ги сослушаме , да побараме нивно мислење за работата и на центарот за социјални работи, за оценка на давателите на услуги , меѓутоа да ги сослушаме и за проблеми за коишто и ние би можеле да излеземе во пресрет.