(ВИДЕО) РЕЖИСЕРОТ МИТРЕВСКИ ЈА БРАНИ МАКЕДОЊА ОД ПЛАЖИТЕ ВО КАЛИФОРНИЈА КАДЕ ЕДНА ДНЕВНИЦА Е 200 ДОЛАРА КОЛКУ ШТО КАЈ НАС МНОГУМИНА ЗЕМААТ ЗА ЦЕЛ МЕСЕЦ!

0
1859

Паднаа маските, либералите Трендо и Дарко Митревски уствари биле тврдоглави вмроњи националисти на кои не им е битно како ќе живее народот туку пустиот инат на клетите непријатели на Македоња.

Инаку лесно е да се брани Македоња од Калифорнија, која е најголемата и најбогатата сојузна држава во САД.

Таму платите се следни, од најдоле, до најгоре:

10% популација – без работа, на социјална помош со прехрамбени бонови, станови од државата, народни кујни по црквите, бездомници, затвори, ментални институции…

10% популација – минимална плата земаат перачите на садови и работниците на нива како и работниците на каса во маркети или во мекдоналдс кои не знаат англиски и се без никакви документи значи илегалци или пак се екс осуденици и без никакво образование. Тие земаат 5 до 10 долари на саат, дневно тоа е околу 50 до 100 долари, месечно тоа е околу 1500 до 2500 долари.

Дури и со оваа плата може да се закупи соба под кирија од 500 долара или заедно со партнер 1000 долари некоја куќа во предградие. Пак им остануваат 1000 долари по човек за храна сметки гориво облека и слично… Храната, облеката и колите на старо се ефтини, скапи се само лекарската грижа и лековите, куќите и јадењата во ресторан.

Инаку ова е американската ниска сиромаштија. Сепак за нас тие се висока средна класа, секој има дома клима, телевизор, кола у двор, пун фрижидер, пун гардеробер со нова облека и не се грижи за неплатени сметки, само не можат да си дозволат нова кола и своја куќа или стан ниту пак да заштедат за стари години и треба да молат бога да не се разболат.

20% популација– над нив се кувари, келнери и градежни работници кои земаат од 20 до 30 долари на саат, тоа е околу 3000 до 4000 долари месечно. Со овие пари може да се дури и заштеди па да се купи дури и куќа, децата ги праќаат на државни факултети кои не се многу ценети. Сепак возат кола на старо.

30% популација– над нив се шоферите на камиони, вработените во фабриките на големите американски гиганти, полицајци, учители, војници, поштари и слично кои земаат по 5000 долари месечно. Ова е средната класа. Овие не само што можат да купат куќа и нова кола  туку може да идат на одмори, и да пратат деца на угледни факултети и да заштедат за стари години.

20% популација – над нив се ситни менаџери, доктори, адвокати, сметководители, правници, забари, инженери, програмери и слично кои земаат по 10 000 долари месечно, овие се сметаат за висока средна класа.

10% популација – над нив се сите политичари, бизнисмени, спортиски, актери, музичари, хирурзи и слично кои земаат по 50 000 до 100 000 долари месечно. Тие се елитата.

Ако се споредат овие бројки со Македонија, може да се види дека 90% од Македонците живеат под она што во Америка се вика ниска сиромаштија.

Наместо да се врати тука во Македонија па да го брани името, Даре го однел семејството во САД каде е многу полесно да преживееш и да успееш, и од таму продава патриотизам… НЕ Е ФЕР МЛАДИУЧУ, НЕ Е ФЕР!