(ВИДЕО) Режимскиот талибанец од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Мала Речица – Сулиш: Увидов дека е провокатор, ми опцу мајка, шајка, може и сум го удрил

0
529

Хајрадин Сулиш, човекот кој. како што објави бугарската телевизија Нова, нападна и со тупаница удри по глава граѓанин од поплавените подрачја во Скопско за телевизија Нова даде своја верзија на инцидентот:

„Дојде, ме опцу и отиде. Јас помислив дека татко му е тој што беше кај него дома и му реков- кажи му на твојот син, ми опцу мајка, шајка, немаше што не ми опцу. Ми вика добро, ќе средам. Јас му реков дека ако така продолжи ќе преземам други мерки. Ми рече- не, остави го него, јас ќе средам со него. И потоа јас тргнувам да го расчистам патот бидејќи доаѓаат претседателот од ВМРО-ДПМНЕ, претставници од ДУИ и други и викам да го расчистам патот за да се започне со работата, и тој кога налета од таму ме фати за рака и почна да вика- мајка и шајка и жена и деца, а јас му велам- чекај, полека, но тој ме бутна. Мене тетратката ми беше во рака, може и сум го удрил не знам, го бутнав јас….Увидов дека е провокатор уште од првиот пат кога почна да ме пцуе, бидејќи јас пред тоа бев саат време таму, чистевме со камион и тој почна да пцуе, а јас се зачудив и прашав кого пцуеш, а тој ми рече- и тебе и Влада и сите што се тука. И толку беше, заборавив. Беа тука и колегите од работа и му рекоа ајде пушти го. Се враќаме и гледаме дека доаѓаат луѓето од другата страна, а јас излегов за да тргнеме некои железа што беа таму, кога тој дојде и пак почна да вика и да пцуе, се залета и ме бутна и јас сакав да го тргнам и со едната рака го бутнав, вели Сулиш.