(ВИДЕО) РЕЖИМСКИОТ ЛЕШПЕР жестоко се впушти во одбрана на Грујо да не го судат од СЈО!!! Аневски: Јанева и Фетаи го навредиле судот – да се назначи нов обвинител

0
640

Денешната седница на Советот на јавни обвинители повторно беше одложена, но претседателот на Советот, Петар Аневски информира дека Советот вчера заседавал по однос на претставката на в.д. претседателката на Кривичен, Татјана Михајлова и донел одлука дека Јанева и Фетаи со нивното однесување го прекршиле Кодексот на етика на јавните обвинители, пренесе ТВ24.

„Однесувањето на Јанева и на Фетаи е неприфатливо и е во спротивност со етичкиот кодекс“ рече Аневски, но не потенцираше како обвинителките ќе бидат санкционирани.

Аневски рече дека ќе и предложи на Специјалната обвинителка, Јанева, како раководител на СЈО, да изврши смена на обвинителот што го застапува обвинението против екс премиерот Никола Груевски за предметот „шамари во центар“.