(Видео) Расте поддршката за референдумот во Центар, ПЕП 21: Да гласаме ЗА ГТЦ за да не се претвори во кич гипсена фасада за богатење на владини функционери

0
549

Партијата за економски промени (ПЕП 21) со повик граѓаните во недела на 26 април, масовно да излезат на референдумот и да гласаат За зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центарпренесува А1он.

biljanaJovanovskaGTC-685x320

– Досега многу згради и објекти во Скопје, оваа влада ги накити со барокна облека од гипс сега тоа саклаат да го сторат со ГТЦ кој е реално силно и важно обележје на градот Скопје. Доколку не ги спречиме во овие налудничави желби и идеи за барок стил, кој не е одраз на нашето минато, утре ќе може да донесат одлука и за тоа како да изгледа внатрешноста на нашите домови

Ние од ПЕП 21 се сомневаме дека парите наменети за прескапиот гипс кој треба да го уништи ГТЦ, во суштина, како и досега, само треба да гипсира односно затскрие богатење на некој владин функционер, на штета на нас граѓаните.

Затоа во недела 26.04 2015 година излезете на референдум и гласајте за ГТЦ. Го сакаме ГТЦ ваков каков што е сега, бидејќи само ваков ќе остане да сведочи за убавите мигови кои секој од вас ги имал додека шетал, купувал или пиел кафе во неговати локали и дуќани.

Верувам членовите на ВМРО-ДПМНЕ од општина Центар во недела ќе излезат за ГТЦ бидејќи им стана јасно дека вистинските приоритети на оваа влада се нивните лични интереси и желби и ништо повеќе, рече Билјана Јовановска, претседател на ПЕП 21

Таа рече дека членовите на ПЕП 21 од општина Центар и нивните поддржувачи се изјаснија дека ќе излезат на референдум и ќе кажат ЗА ГТЦ, затоа што несакаат тој да стане кич од гипсена фасада, туку напротив, Скопје и ГТЦ да дишат и да го чуваат споменот од она што навистина реално било и постоело, а е дело на врвни архитекти.

Обраќањето до јавноста на Билјана Јовановска од ПЕП 21 може да го погледнете ОВДЕ