(ВИДЕО) РАМБАБОВА : ПОВИСОКИТЕ ПЛАТИ ЗА МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР КОЈ ИНВЕСТИРАЛ ВО СВОЕТО ОБРАЗОВАНИЕ ПО 15 ГОДИНА, ИНВЕСТИРАМЕ ВО ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ ВО ЗДРАВСТВОТО

0
182

Прес-конференција, Емилија Рамбабова, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,
 
Владата предводена од СДСМ, надлежното министерство продолжуваат со инвестирање во човечкиот капитал во здравството.
Започнувајќи од септември на медицинските сестри и техничарите ќе им биде платено високото образование во коешто инвестирале, а од 2015 наваму не се во можност да го валоризираат преку својата плата.
Со ова се надминува една неправда кон овие медицински лица. Имено, во 2015 направен е пресек, и била донесена одлука да се платат само специјализациите oд високите школи на тие кои дотогаш завршиле, односно се стекнале со образование од 180, односно 240 кредити.
Сите други медицински сестри и техничари кои инвестирале во своето образование од 2015 па наваму, не можеа да си го валоризираат преку својата плата.
Тоа од овој септември се исправа и овие медицински лица ќе добиваат поголеми плати, соодветни на нивното образование.
Почитувани, коронакризата ни покажа дека мора постојано да се вложува во јавното здравство.
Како одговорна партија тоа постојано го правиме во овие изминати четири години. Инвестираме во плати и надоместоци, во реконструкција на објекти и нивно опремување, се со цел да имаме мотивирани здравствени работници кои се грижат за здравјето на сите граѓани.
Остануваме посветени на мерки и проекти кои значат подобрување на условите за работа на здравствените работници и унапредување на квалитетот на јавното здравство во нашата држава.