(ВИДЕО) Разговор со младите: Програма на СДСМ за подобар живот и сигурна иднина на младите

0
485

Razgovor_Bitola2-685x320Денеска, потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски заедно со претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев, разговараа со младите од Битола.

Битката за слободна, демократска и просперитетна Македонја продолжува. Овој пат на којшто сме тргнати ќе го изодиме до крај заедно со младите кои се генераторот на промените, рече Манчевски.

-Со Никола Груевски е готово. Тоа и во ВМРО-ДПМНЕ им е јасно. Бандата на Груевски, Мијалков и Ставрески сега се бори за спас на сопствената кожа. Со срамната одлука на Уставниот суд и предлогот за измена на Законот за кривична постапка и самите го признаа се она што го слушнавме од Вистината за Македонија. За криминалот, корупцијата, изборниот грабеж, одговорност мора да има и ќе има, рече Манчевски.

Кражбата што се случува во последните 10 години ќе запре а парите ќе ги вратат назад, кон граѓаните, потенцираше Манчевски.

-СДСМ има план, има програма, има тим за обвнова на Македонија и промени за подобар живот. Младите коишто се иднината на Македонија, наместо да ја напуштаат земјата заради недостаток на перспектива и загрозена егзистенција, ќе имаат можност, со своето знаење, труд и посветеност, да добијат сигурна и подобро платена, рече Манчевски

Манчевски рече дека Програмата на СДСМ е гаранција за сигурна и подобра иднина на младите.

-Преку директна финансиска поддршка на домашните мали и средни претпријатија од 140 милиони евра, ќе стимулираме отворање на нови работни места ама со достоинствени, повисоки плати. Ќе ја зголемиме минималната плата на 15 илјади денари а просечната ќе изнесува над 29 илјади денари. На тој начин ќе ги задржиме младите дома да ја градат својата иднина, истакна Манчевски.

Богоев рече младите во Македонија 10 години се ставени на маргините на општеството поради лошите, криминални политики на власта во заминување.

-Во 21 век, во студентските домови во Македонија се шетаат глувци и стаорци, лифтовите дури и во реконтруираните делови се нефункционални и небезбедни, а камоли во нереконстуираните а такви се речици сите студенски домови во Македонија. Откако СДСМ ќе ја превземе одговорноста да ја води државата, на следните фер и демократски избори, ќе ги реконструираме сите студентски домови во Македонија а во Скопје ќе изградиме студетски град, рече Богоев.

Во Програмата на СДСМ централно место завземаат мерките за младите луѓе, додаде тој.

-Со мерката на СДСМ наречена младинската гаранција на младиот човек му гарантираме дека во период од четири месеци по завршувањето на школувањето ќе добие една од следните опции: вработување, можност да го продолжи образованието или шанса да започне пракса односно тренинг за подготовка за вработување, рече Богоев.

На средбата со младите во Битола, потпретседателот Манчевски зборуваше и за актуелната политичка ситуација во Македонија.

Во Македонија ќе има фер и демократски избори со причистен избирачки список и реформи во медиумите. Од тоа ние нема да се повлечеме, дециден беше потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.