Доцна вечерва имало пукање во центарот на Штип, а неофицијално едно лице е убиено. Според првичните информации, едното лице имало нож со себе, а другото пиштол. Целата драма се случувала пред очевидци, во кафе-бар лоциран на плоштадот.
„Вечерва околу 21:30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад било пукано со пиштол, при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип“, соопшти полицијата, без да открие повеќе детали.
Видео : ТВ Стар