(ВИДЕО) Професор Трендафилов: Три причини зошто се поплавија Стајковци,Ченто, и Арачиново

0
794

Падините на Скопска Црна Гора и Арачиновскиот рид уште пред 5 години важат како втора категорија површини на кои дрвјата се исечени, а водите од дождовите патуваат со огромна брзина кон населените места. Универзитетскиот професор и експерт за ерозија, Александар Трендафилов, направил реконструкција на поплавата, објави Телма.

Според Трендафилов, водата стасала под падините, за потоа да се заезери и да се собере огромна количина вода пред вештачката брана – скопската обиколница.

Трендафилов вели дека доколку оваа количина вода паднела на падините на Водно, жртвите би се броеле во илјадници, токму заради обесшумувањето и изградабата на станбени згради над црвената линија во скопската парк шума.

„Ништо од ова не би се случило доколку надлежните би се гриежле и би го одржувале системот од канали за одведување. Од оваа мапа стара 70 години се гледа колкава мрежа на канали постоела токму во овој скопски регио , а оттогаш дел уништена или затрупана во смет.

Од осамостојувањето, наместо да се основаат тела кој ќе се занимаваат со водите, сега надлежностите се поделени меѓу Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство.

Државата ниту води сметка ниту пак, прави истражувања за можните последици од поплави и ерозија“, објаснува професорот.

Трендафилов вели дека доколку оваа количина вода паднела на падините на Водно, жртвите би се броеле во илјадници, токму заради обесшумувањето и изградабата на станбени згради над црвената линија во скопската парк шума.

ВИДЕО прилогот ОВДЕ