Friday, December 13, 2024
-0.2 C
Skopje

(ВИДЕО) ПРЕС НА ДИРЕКТОРОТ НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА: Зголемен приходот од патарини за 1 милион евра, за 10 дена стартуваат електронските патарини на коридорот 10 од Табановце до Богородица!

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов денеска пред претставниците на медиумите ги презентираше остварените инвестиции на претпријатието за првите 6 месеци од 2018-та година.

Притоа истакна дека, во интерес на граѓаните, целта на ЈПДП и на Владата на Република Македонија е да се реализираат програмските одредници „Македонија без црни точки” и инфраструктурно поврзување кое ќе овозможи пристигнување од еден до друг град за помалку од 90 минути.

„ЈП за државни патишта во вториот квартал од 2018- та година има остварено инвестиции во вкупен износ од 2.217.070.250 денари или 36 милиони евра, што е за 9.770.127 евра повеќе во споредба со минатата година, или зголемување од 37%.

Или, споредбено за првото полугодие од 2018 година во однос на првото полугодие од 2017 година, ЈП за државни патишта има реализација на инвестиции за 6,82% повеќе, или 3,43 милиони евра повеќе реализирани инвестиции“, истакна Китанов.

Овие средства, како што рече директорот Китанов, се обезбедени од кредити од меѓународни финансиски институции, како и од сопствени средства на ЈП за државни патишта.

Инаку, за 2018-тата година, се обезбедени вкупно 270 милиони евра за изградба на нови патишта, за реконструкција, рехабилитација и за обнова на повеќе од 60 патни правци ширум Македонија во должина од околу 800 километри. Дел од овие средства се од државниот и од буџетот на ЈПДП, а дел се обезбедени преку заем од Светска банка, ЕБОР и ИПА2.

„Со околу 20 милиони евра, буџетски средства и со средства на ЈПДП, веќе се работи на рехабилитација на регионални патишта во должина од 230 километри.

Со 86 милиони евра средства обезбедени од Европската банка за обнова и развој се планира рехабилитација на 26 патни правци во должина од 422 км.

Со 14 милиони евра од Светска банка се работи на рехабилитација на 13 патни правци во должина од околу 150 км“, додаде директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Дел од проектите, како што рече Китанов, ќе бидат завршени до крајот на 2018-та, а оние чија изградба ќе започне годинава, се очекува да бидат комплетирани во текот на следните неколку години.

„Заради безбедноста на граѓаните се фокусираме на изградба на инфраструктура што ќе значи иднина за македонската економија и истовремено, ќе биде мрежа за сигурно и безгрижно патување и транспортна комуникација.

Градиме патишта, исто како што градиме и држава, по Европски правила“, заклучи директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

Претставниците на медиумите, Китанов, исто така ги информираше и за приходот од патарините, кој во првото полугодие од 2018-та година е поголем за 54 милиони денари споредбено со истиот период лани.

Одговорајќи на новинарско прашање на што се должи тоа, Китанов рече дека тоа е поради зголемениот обем на сообраќај, но и како резултат на подобрата организираност. Притоа потенцирајќи дека на Коридорот 10 првично ќе започне електронската наплата на патарините.

Исто така, директорот на ЈП за државни патишта појасни дека се реновираат патарините по должината на Коридорот 8 и дека преостанува на есен да започне инсталирањето на потребниот софтвер за овој вид на плаќање на патарините.

Во однос на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, одговорајќи на прашање на новинарите, Китанов рече дека за 10-тина дена ќе се знае точната сума којашто ќе треба дополнително да ја плати ЈП за државни патишта. Притоа тој истакна дека Владата и ЈПДП се во предност, бидејќи со фирмата изведувач се преговара со цените на подизведувачите според кои и досега работеле, без притоа државата да наплати високи маржи – пракса која се практикувала во изминатите години.

ОВАА НЕДЕЛА

ЕКОЛОГИСТИТЕ СО АПЕЛ ДО ВЛАДАТА ДА ГО ОГРАНИЧИ УВОЗОТ НА ПОЛОВНИТЕ АВТОМОБИЛИ

Невладиниот сектор упати предлог до Владата во кој бараат...

МИЦКОСКИ : НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА ЌЕ ОПФАЌА ПОВЕЌЕ ОД 800 ПРОИЗВОДИ

Акцијата за новогодишната кошничка започнува од 15-ти декември, а...

ЛЕКАР И АДВОКАТИ „ШТЕЛУВАЛЕ“ МЕДИЦИНСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА ДА НАПЛАТАТ ОСИГУРУВАЊЕ

Лекар од тетовската болница и двајца адвокати ќе одговараат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ