Friday, April 25, 2025
11.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Прентовиќ: Власта ги става земјоделците во загуба, ние со нив договоривме решенија

Screenshot_56-628x320

Изминативе два дена направивме средба со земјоделците од југоисточниот регион. Поточно во општините Радовиш, Конче, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица. Моментално состојбата на земјоделците и нивните маки не стивнуваат, проблемите им се зголемуваат, а пари имаат се помалку. Состојбата во земјоделството при откупот на земјоделски производи е многу тешка и не само сега во овој период од годината, туку низ целата оваа 2015-та година, рече Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство на СДСМ.

Моментално имаат проблем со откупот на грозјето и пиперката. Ниските откупни цени коишто ги диктираат откупувачите кои имаат доминантна улога во земјоделството при пласман на земјоделските производи или при откуп, се заштитени во поголем број од државата. Така ја злоупотребуваат маката на земјоделецот и му ги откупуваат земјоделските производи по цена пониска од производната и земјоделецот е дури во загуба.

Цената на пиперката од 22 и 25 денари сега на 17 денари, земјоделците стравуваат дека ќе биде и пониска. Истото се случува и со цената на грозјето во Тиквешијата.

Земјоделците и земјоделството власта ги става во загуба и затоа земјоделскиот сектор во Македонија пропаѓа.

Оваа Влада не ги решава проблемите на земјоделците туку таа постојано само ги создава, секој ден создава нови проблеми.

Овие средби со земјоделците што ги правиме како Комисија за земјоделство и како СДСМ се од голема корист заради тоа што Социјалдемократскиот сојуз може врз основа на она што тие го лоцираат како проблем, да изнајде решенија и да ги решава нивните проблеми понатаму преку реални и правилни земјоделски политики. Оваа Влада очигледно или нема волја или нема капацитет тоа да го направи.

Веќе имаме усогласено мерки заедно со земјоделците, во делот на откупот на земјоделските производи, за организиран откуп. Ќе спроведеме, ќе има, ќе наоѓаме пласман на нови пазари на земјоделските производи.

ОВАА НЕДЕЛА

СЕ УШТЕ СЕ ЧЕКА ДА СЕ РАСКИНАТ КОНЦЕСИИТЕ ЗА МАЛИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО МАВРОВО И ШАР ПЛАНИНА

Министерството за животна средина и просторно планирање во моментов...

ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА NETFLIX: ГО СПАСУВАМЕ ХОЛИВУД, КИНАТА СЕ МИНАТО

Тед Сарандос тврди дека стриминг сервисите не ја уништуваат...

МУЦУНСКИ: БУГАРИЈА СЕ УШТЕ НЕ ОДГОВОРИЛА НА БАРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕДБА

угарија се уште не одговорила на барањето на Македонија...

ЗАХАРОВА: УКРАИНСКИТЕ СЛУЖБИ СЕ ВМЕШАНИ СО УБИСТВОТО НА РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ МОСКАЛИК

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ