(ВИДЕО) Премиерот Заев со грчкиот министер за надворешни работи Дендиас: Ќе се интензивира економската соработка помеѓу двете земји и инвестициите

0
298

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција во рамки на неговата официјална посета на државава.
На билатералната средба се разговараше за поддршката која Република Северна Македонија континуирано ја добива од Република Грција на патот на евроатланските интеграции и за развојот на трговската размена и инвестициите помеѓу двете држави.

Грција е трет најголем инвеститор во Северна Македонија, а претендира во следниот период да дојде на првото место. Преспанскиот договор е извонредна можност за зајакнување на културните и економските врски помеѓу двете држави.