(ВИДЕО) Премиерот Заев : Развиени општини значат силна економија, Делчево со новиот капитален проект дава стимул за локалниот економски развој

0
119

„Современиот градски пазар преку почитување на сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната, ќе биде уште едно место двигател на локалната економија тука во Општина Делчево, заедно со текстилните претпријатија за производство на кошули, ХТЗ- опрема, претпријатија од дрвната индустрија, како и земјоделските дејности во кои се вклучени најголем број од населението“, изјави претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев кој заедно со градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски, заменикот-претседател за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски го означија почетокот на изградба на современиот градски пазар.