(ВИДЕО) Премиерот Заев од Охрид: Новиот објект на Зелениот пазар значи модернизирање на условите за пазарџиите и подобрување на услугите за граѓаните и компаниите

0
259

„Новиот објект на Зелениот пазар во Охрид значи модернизирање на условите за работење за пазарџиите, исполнување на стандардите за трговија со земјоделски и прехранбени производи и подобрување на услугите на граѓаните и компаниите од подрачјето на Општина Охрид“, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на денешниот настан по повод новиот објект на Зелениот пазар во Охрид.

Согласно стратешките определби за развој и унапредување на Локалната самоуправа, новата административна и деловна трговска зграда во која се содржи и нов затворен Зелен пазар, се изгради преку формирање на Јавно-приватно партнерство, помеѓу Општина Охрид и АД „Илинден“, Струга.