(ВИДЕО) Премиерот Заев од Виница: На 30 септември, секој глас ЗА носи подобра иднина!

0
1323

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев,заедно со градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров и извршниот директор на компанијата Мак-Прогрес Глигор Цветанов вчера вечер, од центарот на Виница, ги повикаа Виничани на 30-ти септември масовно да ја поддржат европската иднина на Македoнија, истакнувајќи ја натпратиската важност на овој референдум, кој треба да го обедини македонскиот народ на европскиот пат кон подобра иднина за сите.

Оваа одлука е повеќе од важна и повеќе од историска. Честа е на оваа генерација да ја донесе оваа одлика. И знам дека оваа генерација ќе се носи рамо до рамо со историските генерации кои донеле навистина исправни одлуки и опстоила Македонија. На 30 септември, секој глас ЗА носи подобра иднина“, посочи премиерот во Виница.