(ВИДЕО) Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев пред почетокот на средбата со Коморскиот инвестициски форум: Значајно е стопанските комори од Западен Балкан да се здружуваат, ќе разговараме за продлабочување на економската соработка

0
657

Денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа состанок помеѓу Претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев и економскиот тим на министри со делегација на Коморскиот инвестициски форум предводена од претседателот Марко Чадеж и заменик претседателот, Бранко Азески.

Пред почетокот на средбата Премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев заедно со претседателот на Коморскиот инвестициски форум, Чадеж и заменик претседателот, Бранко Азески дадоа кратки изјави за медиумите.