(ВИДЕО) Премиерот Заев: Алкалоид АД Скопје е нашиот македонски бренд по кој нашата земја е позната во светот, чест ни е што ги помогнавме, тие вработуваат 2000 вработени со просечна плата од 700 евра!

0
531

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на бизнис климата за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, денеска беа во посета на најголемата компанија од фармацевтската индустрија „Алкалоид АД Скопје“ кадешто остварија средба со директорот Живко Мукаетов и дел од менаџментот на компанијата, ги посетија производствените капацитети „ПЦ Фармација“ и „Институтот за истражување и развој“ и по завршување на предвидените активности дадоа изјави за медиумите.