(ВИДЕО) ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НОВА КАТАСТРОФА : Каналот крај Мралино пред ново излевање

0
1110

Каналот во скопско Мралино е пред повторно излевање. Доколку се остварат прогнозите за ново силно невреме, селото ќе се најде под вода, пренесува Телма.

Жителите стравуваат дека водата што пред 4-ри дена им ги уништи посевите и дојде до прагот на нивните домови, сега ќе им ги поплави и куќите и шталите. Очајно ги молат општинските власти да го исчистат каналот и да најдат начин да ја пренасочат водата, која доаѓа од Арачиново и Стајковци, најпогодените места од силното невреме.

Се плашат и дека заради небрежноста на властите, ќе ги снајде судбината на Арачиново и Стајковци, каде невремето однесе човечки животи, голем број семејства останаа без домовите и без добитокот. Прашуваат зошто ден пред најавите за ново невреме, не се преземаат мерки за да спречат катастрофа.

Жителите бараат и владата да се вклучи во изнаоѓање решение на нивниот проблем, бидејќи како што велат, локалната власт не рагира на нивните барања.

Од општината Илинден пак тврдат дека делуваат со сите расположливи капацитети. Велат свесни се дека новото невреме ќе предизвика поплави, но немаат што да сторат, бидејќи нивото на водата во Вардар е над нивото на онаа во каналите.

Оттаму велат дека се`што имаат да кажат е објавено на нивнатат веб-страница. Таму стои дека надојдената количина вода природно мора да се исцеди преку одводните канали.

„Мрежата преку која се одводнува поплавеното подрачје нормално функционира, но со оглед на големите количини вода истите подолг период ќе бидат со висок водостој“, пишува во општинското соопштение.

Видеото ОВДЕ