(ВИДЕО) ПО ДОЛГО ОДОЛГОВЛЕКУВАЊЕ, ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА ДИВОГРАДБИТЕ НА ЛАТАС ВО ЗЕЛЕНИКОВО, АДВОКАТКАТА СЕ БУНЕШЕ ШТО ИМАЛО КАМЕРИ НА СУДЕЊЕТО!

0
1956

Латас и неговите двајца браќа се изјасниле за невини за дивоградбите во Зелениково.

СЈО ќе користи фотки од Гугл Мапс за да докаже дека граделе бесправно.

По многу одложувања на рочиштата, денеска почна главната расправа за предметот „Тревник“, во кој се обвинети Драган Павловиќ Латас и двајцата браќа за бесправно градење викендички во Зелениково.

Латас рече дека го разбира обвинението, но додаде дека не се чувствува виновен.Истото го рекоа и двајцата негови браќа Звездан и Срѓан.  Обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска, рече дека од материјалните докази, исказите на сведоците и бомбите, ќе докажат дека обвинетите граделе бесправно.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ