(ВИДЕО) ПОРТПАРОЛОТ НА СДСМ КОСТАДИНОВ ГО ИЗРАДУВА НАРОДОТ : Со мерката за финансиска поддршка од 14 500 денари по вработен за три месеци поддржани се околу 120.000 вработени и околу 20.000 компании

0
672

Изјава за медиуми, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

СДСМ, преку Владата којашто ја предводи, презеде ефикасни и навремени економски мерки за помош на граѓаните и економијата во  справување со последиците од коронавирусот.

Благодарение на навремената реакција, во нашата држава се спасени стотици илјади работни места и помогнати се десетици илјади компании.

Фактите потврдуваат.

Само преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, во месеците април, мај и јуни со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени лица и околу 20.000 компании.

Ова, почитувани, не се само обични бројки, ова не е само обична статистика. Ова се реални работни места во нашата економија.

Покрај компаниите, финансиска поддршка добија и самостојните вршители на дејности. За месеците април, мај и јуни беа поддржани близу 6.000 вршители на самостојни дејности а вкупната поддршка изнесува над четири милиони евра.

Почитувани граѓани,

Во тек се подготовките на четвртиот пакет антикризни мерки кој наскоро ќе биде презентиран и кој ќе донесе уште поголема поддршка на работниците и компаниите.

Продолжуваме уште повеќе и уште подобро, за нашите граѓани, за нашата економија.