(ВИДЕО) ПОПУШТААТ НЕРВНО : Вељаноски гаси микрофони, Илче од Халкидики се лути за дискриминација

0
1546

Претседавачот на конститутивната седница, Трајко Вељаноски го започна 15-тото продолжение со заострен тон што најверојатно не им одговараше на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Вељаноски прво побара од пратеникот на СДСМ, Панче Иванов да каже каде е прекршена процедурата, а потоа го исклучи микрофонот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, со образложение дека во неговиот говор не кажува каде се крши процедурата.

Одговор зошто наводно немале ист третман побара Илија Димовски, на што Вељаноски возврати дека ако не му се допаѓа како ја води седницата тој може слободно да продолжи со претседавањето.

– Мицевски ми го зема моето право, да одговорам на процедуралното, рече Вељаноски.

Извор : А1он