(ВИДЕО) Подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба го запали бугарското знаме

0
235

Подмладокот на ВМРО – ДПМНЕ на социјалната мрежа Фејсбук објави видео на кое се гледа како човек со качулка на главата го пали националното бугарско знаме, најверојатно во знак на револт кон блокадата од страна на Бугарија, Македонија да не ги отпочне преговорите за влез во Европската унија.

Видеото е насловено како „Одговор за заедничката историја”.

Видео линк ОВДЕ

Провокацијата на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева истакна дека нејзината земја стави вето на соседна Северна Македонија за започнувањето пристапни преговори со Европската унија.

„Патот на Северна Македонија е долг, таа ќе може да го најде своето место во ЕУ кога ќе биде подготвена за преговори. Држава заснована врз идеологија на непријателство кон Бугарија нема место во ЕУ”, рече Захариева на прес-конференцијата во Софија.

Извор : Фронтлајн