Пратеникот Амди Бајрам вчера на собраниската расправа за избор на новите министри остро ја нападна колешката Лилјана Поповска, кога таа рече дека излезот од политичката криза во земјава е дојдена дотаму што мора да се формира преодна влада која ќе организира избори.
– „Зелено, зелено“ имаше една песна од Мухарем Сербезовски. Ние ќе правиме зелено и без вас. Треба да сте благодарни што сте пратеник, што не заслуживте. Бевте на листата на место број 2, а требаше да биде 21, дали се срамите – ја праша Бајрам.
Погледнете го прилогот на телевизијата 24 Вести, каде во 2.40 минута може да ја видиме изјавата на пратеникот.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=o8jm7hG3qMw[/youtube]