(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ ПО ДВЕ ГОДИНИ КОЛКУ ПРЕКРАСНО ИЗГЛЕДА СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

0
205

Изминатите две и пол години, Скопје Зоо доби нов лик, нови животни и многу новитети.  Стана најпосетената институција во државата за 2019 и 2020, а на прагот сме да бидеме членка и на ЕАЗА ( Европска Асоцијација на акваируми и зоолошки).

Ова  е дел од она што е направено во изминатиот период:

–          Се изградија нови асфалтирани патеки и се поставија патокази и информативни таблички пред секое живеалиште

–          Поставени се нови тоалети на две локации

–          Зоо Скопје стана првата дигитализирана зоолошка на Балканот со зоо апликација, смарт клупи и онлајн продажба на билети

–          Ги исполнуваме еко стандардите со електрични возила- мини бус, мини колички, електрични скутери и тротинети.

–          Доизградени се живеалиштата за слонови и шимпанза

–          Изградени се нови живеалишта за фламинга и пингвини

–          Направена е Бејби Зоо, новото омилено место на најмалите

–          Нови хортикултурни уредувања низ градината и редовно чистење на големите езера после 13 години

–          Направивме Дино Парк со најголем број на диносауруси на Балканот- вкупно 41 диносаурус во природна големина, кои се движат и испуштаат звуци

–          Имаме нови жители на Скопје Зоо, голем дел за првпат во нашата градина- Пингвини, фламинга, слонови, шимпанза, алпаки, двогрби камили, белоносести коати,  ему птици, бели лавови, бели волци, африкански желки, верверички, папагали.

–          Ново брендирање на влезот на градината

–          Нови катчиња за фотографирање кои се омилени меѓу посетителите

–          Реновирање на голем број живеалишта со цел подобори услови и благосостојба на животните

–          Едукативни програми и Zoo keepers talk за  викенди

–          Нови детски игралишта и голема игротека на отворено за родендени

–          Нови летниковци

–          Јуниор авантура парк за деца  

–          Нови корпи за отпадоци кои сега ги има над 200 низ градината, како и нови клупи.

–          Табли со кодекс за однесување, како и кампања за заштита на животните

–          Работиме на заштита на дивите животни во соработка со светски организации како 4 Paws и нашето Министерство за животна средина

Зоо Скопје и понатаму ќе продолжи со проектот „Европска Зоолошка“ со поддршка од Градот Скопје.