(ВИДЕО) ГРУЈО ВЕЌЕ НЕ ГО МИРИСААТ ВО РЕСЕН И ДОЛНЕНИ, ПОГЛЕДНЕТЕ СО КАКОВ ПРЕЧЕК БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЗАЕВ ВО РЕСЕН И ЛАЖАНИ: Промени за достоинствен откуп

0
1983

resen5

Аплаузи, скандирања, прегратки и насмеани лица полни со енергија за човекот во којшто гледаат надеж дека вистински ќе ја промени лошата сосојба во државата. Вака претседателот на СДСМ, Зоран Заев беше пречекан од ресенчани во центарот на градот.

Граѓаните на Ресен и Преспанскиот регион директно ги чувствуваат погрешните политики на актуелната власт. Економијата тоне, младите се иселуваат поради тешкиот живот. Народот чека шанса на слободни и демократски избори да ја искаже својата волја за промени.

На средбата со земјоделците во Царев Двор, производителите на јаболка ја споделија својата маката со претседателот Зоран Заев.

Нема организиран откуп на земјоделските производи, нема достоинствени цени, земјоделците се оставени сами на себе. Актуелната власт си поигрува со нивниот труд и нивната мака.

Претседателот Заев внимателно ги ислуша. Вети дека идната влада на СДСМ ќе обезбеди соодветна законска заштита на овоштарите, државата ќе им помогне во обезбедувањето пласман и нормален живот, онаков како што заслужува секој граѓанин на Македонија.

Во пресрет на почетокот на бербата на јаболката, познатиот Јаболкобер, претседателот Заев симболично откина едно јаболко и им посака среќен Јаболкобер, добро здравје и добар пласман на земјоделските производи.

Средбите со граѓаните, земјоделците и младите, претседателот на СДСМ ги продолжи во мултиетничка општина Долнени.

Дождот не беше пречка жителите на Лажани да се соберат близу локалната џамија и да го пречекаат претседателот Заев. Секој сака да поразговара, да се ракува, да гопоздрави човекот кој може да ја изгради Република Македонија како достоинсвено место за живеење на сите граѓани.

Поради лошите временски услови и големиот интерес кај граѓаните, средбите продолжија со трибина во просториите на СДСМ во Лажани.

Граѓаните од овој крај, без разлика на вера и нација, ги мачат истите проблеми.

Нема достоинствен откуп на тутунот, се проценува по многу пониски цени, за џабе работиме, а се прават и големи проневери при откупот, рече еден жител.

Мака патам за пласман. Сега донесов 40 тони компир, немам каде да го продадам, а цените се ниски. И јаболко имам а каде ќе го носам, каде ќе го пласирам? Ве молам да се најде некој начин за пласманот на производите, додаде друг.

Претседателот Заев рече дека целосно ја разбира маката на земјоделците и презентираше дел од концептот на СДСМ во делот на земјоделието којшто дополнително ќе се надградува во наредениот период.

„Што може да очекувате од иднината влада на СДСМ. Субвенциите да продолжат, да бидат наменски и да дојдат во период кога навистина им требаат на земјоделците. При тоа, субвенциите ќе бидат стимулативни, колку повеќе ќе се произведе земјоделецот, толку ќе бидат поголеми, а не како сега да се третираат како социјална помош. Сепак, субвенциите не го решаваат проблемот. Пласманот е задача на државата и ние тоа ќе го направиме. Како? Ќе го отвориме пазарот и ќе се грижиме за пласирање на произведеното. Ќе создадеме конкуренција. Оној што ќе плати повеќе ќе може да го земе произведеното од земјоделецот. Ќе ја стимулираме и продуктивноста кај земјоделците со низа на мерки“ рече Заев.

Претседателот Заев, на крајот од трибината повика на единство на граѓаните за промени во Република Македонија, за ново време и светла иднина за сите.

„Денеска на сите им е јасно која е причината за несреќата на нашиот народ. Таа има име и презиме, Никола Груевски. Со неговото заминување конечно ќе може да огрее сонце на ново време, за нова надеж, на сите граѓани на оваа наша мултиетничка Македонија. Бидете рамо до рамо со мене, зборувајте за вистината. Јас сум подготвен да ја водам оваа битка до крај, додека не си ја ослободиме државата“ рече Заев.