(ВИДЕО) Петров : Поддршката кон компаниите продолжува,обезбеден нов пакет бескаматни кредити од 8 милиони евра

0
248

Прес-конференција, Коста Петров, потпретседател на СДСМ

Економски мерки на Владата, предводена од СДСМ, за справување со кризата од КОВИД-19 имаат единствена цел – да се спасат што повеќе работни места, да се помогне на што повеќе граѓани и заеднички да ја пребродиме економската криза предизвикана од коронавирусот.
Со таа цел, Владата вчера го објави новиот пакет на бескаматни кредити, КОВИД 2 линија на Развојна банка, со која на сите микро, мали и средни компании ќе им бидат ставени на располагање 8 милиони евра обезбедени преку компензационите фондови од Јапонија. Компаниите може да аплицираат за овој кредит, веќе од 29 април.
Минимален износ на кредит е 3.000 евра и за овој кредит може да аплицираат и фирми со под 5 вработени. Максималниот износ на кредит е 90.000 евра.
Главниот услов за овој кредит е вашата фирма да има за 30 проценти намален приход во март 2020 во однос на март 2019 или во однос на просечните месечни приходи за 2019.
Вашата компанија треба да постои повеќе од половина година, да нема неплатени даноци и придонеси до 31 јануари 2020, да не е во постапка на стечај или ликвидација и да не спаѓа во категорија на исклучително ризични кредитобаратели.
Рокот на отплата на овој кредит е до 3 години, со грејс-период од 12 месеци и со обезбедување на меница.
Како да аплицирате за овој кредит?
За аплицирање за овој кредит нема да имате потреба од шетање по институции, односно, аплицирањето ќе се одвива електронски по имејл-адреса објавена од Развојна банка, веќе од 29 април на полноќ.
Сите уверенија од УЈП, потребни за аплицирањето за кредитот, може да се побараат електронски преку системот за е-даноци. УЈП потоа ќе ве исконтактира кога може да си ги подигнете уверенијата.
Би сакале да поентираме и дека за документите што ќе ви бидат потребни од Централниот регистар, како вашата тековна состојба, потврда за стечајна постапка и потврда за ликвидна постапка, нема да имате потреба да одите во Централен регистер ниту да користите електронски услуги на институцијата бидејќи тоа ќе го прават за вас вработените од Развојната банка по електронски пат.
Почитувани граѓани,
Новиот пакет на бескаматни кредити е само дел од мерките преку кои заеднички ќе ја пребродиме оваа криза. Веќе се  реализира и вториот пакет на економски мерки кој вклучува 14500 денари месечно по вработен, помош за спортисти од 14500 денари, помош за уметници и паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата.
Државата се грижи и за лицата кои биле дел од неформалната економија и останале без приходи, а се запира и Законот за извршување до крајот на јуни. Се забранува отворање на стечајна постапка, а отворен е и солидарен фонд за помош на граѓаните погодени од кризата.
Владата на Република Северна Македонија, предводена од  СДСМ е со вас во овие тешки мигови. Економските ефекти на коронавирусот ги чувствуваме апсолутно сите и заеднички ќе го изодиме овој тежок пат.