(ВИДЕО) ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ : УБЕДЕН СУМ ДЕКА МНОГУ ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГЛАСААТ ЗА МЕНЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК

0
225

Во емисијата „Жешко политичко лето“, на Канал 5 телевизија, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја коментираше одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не излезе со свој партиски кандидат за градоначалник: „ВМРО-ДПМНЕ сеуште нема, народски кажано, три чисти, да излезе пред скопјани со свој кандидат и се крие позади независен кандидат, госпоѓа Арсовска.“

Шилегов не верува дека негови поддржувачи би гласале за Арсовска, но е уверен дека многу членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за Петре Шилегов: „Јас не знам, и не верувам, дека поддржувачи мои ќе гласаат за госпоѓата Арсовска.

Меѓутоа, убеден сум, токму заради тоа што го направивме во нашиот град во изминативе четири години, дека многу, многу членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за мене за градоначалник“, изјави градоначалникот на Скопје.

Петре Шилегов во емисијата „Жешко политичко лето“, на „Канал 5“ телевизија.