(ВИДЕО) Пендаровски: Убедливо водиме во првата изборна единица, опозицијата има најмалку 10 мандати!

0
494

Стево Пендаровски, носител на листа во изборната единица 1 на коалицијата предводена од СДСМ имаше средби со жителите на Сопиште и Горно и Долно Соње.timthumb-php

Тој посочи дека во овој момент водат многу убедливо во првата изборна единица и во овој момент по сите проценки тука опозицијата има најмалку десет мандати. Но тоа не е доволно.

„Ние сакаме да освоиме уште повеќе. Ова е градска средина и тука притисоците на власта во заминување се најголеми, многу поголеми се притисоците во руралните средини на истокот од Македонија. Таму нашите другари и другарки кои се борат страшно, дневно се борат на терен, но објективно имаат полоша стартна позиција затоа што таму диктатурата е посилна. Мотраме да им помогнеме со тоа што овде ќе направиме добар резултат.

Јас сум сигурен дека во првата изборна единица ние ќе се доближиме до 100.000 луѓе. Ако биде така ние и по број на гласови и по број на мандати ќе имаме минимум четвртина од парламентарното мнозинство и ќе правиме Влада.

Целата опозициона коалиција одбра одлични луѓе , јас ги нарекувам чувари на победата која ни е практично во џеб и мораме да ја одбраниме до крај бидејќи расположението на народот мора да се отслика и во резултатот. Расположението на народот е неспорно на наша страна. И во другите изборни единици опозицијата оди многу подобро од почетокот, така што во моментов проценките се дека опозиционата коалиција тежи 50 мандати и има тенденција на пораст.

Ги имаме гласовите, ги имаме луѓето, јасно е веќе, кој не се убедил до сега после сите материјали, после сите бомби за овие апаши, но тоа е само еден глас. Сите велат, ова е последна шанса за Македонија да стане нормална држава. Значи сега е да се биде или не за Македонија. На 11 декември јас сум убеден дека и овде и во цела Македонија сите граѓани кои и мислат добро на својата земја, па дури и оние кои што гласале за другите ќе прославуваат затоа што тоа ќе биде нов почеток за оваа земја“, рече Пендаровски.

Видеото ОВДЕ