(Видео) Пендаровски: Сум бил прислушуван во и пред изборната кампања за претседател

0
507

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски изјави дека бил прислушуван во текот на изборната кампања минатата година кога се кандидираше за шеф на државата.
Пендаровски рече дека надвор од законските прописи бил следен дури четири години, а власта го знаела секој негов чекор за време на претседателската изборна кампања што според него фрла црна дамка кон изборниот процес и конечниот исход.

S.Pendarovski

Во наредниот период со објавувањето на доказите кои ги поседува СДСМ, Пендаровски најави дека ќе се демаскира и легитимитетот на изборите од каде власта ја црпи својата сигурност.

„Јас сум конкретно прислушуван од февруари 2011-та година, а тоа значи три години пред претседателските избори. Тоа е најава за тоа што ќе следи во наредниот период и го најавуваме како Здружена опозиција, да видите какви беа во суштина изборите и зошто беа изборните резултати такви. На крајот тоа е индикација само дека ќе имаме и други работи на таа теза“, изјави Стево Пендаровски.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=8Y7Uqk8DG7c&feature=youtu.be[/youtube]

Пендаровски смета дека власта нема капацитет да влезе во преговори со опозицијата, а кризата според него има само едно решение и тоа е политичко.

Пендаровски зад одлуката да се прислушува целата опозиција, ја гледа идејата на власта или можноста однапред да го знаат секој чекор на опозицијата. Вели дека основа за прислушување не се индикации за одредени криминални дејности, а во овој случај тоа е политички мотивирано за да се стекне предност.