(ВИДЕО) Пендаровски: Остануваат само уште два дена на режимот да си ги пакува куферите и да замине засекогаш од политичката сцена

0
1185

Ја пренесуваме изјава за медиуми на Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

– Во недела, на 11 декември ќе ги имаме веројатно најважните избори во историјата на Република Македонија. На тие избори буквално ќе се решава за судбината и иднината на сите нас и на нашата држава Република Македонија.

Немој да дозволите режимот и овојпат да ни ја одземе победата како многу пати претходно. Слободно излезете во што е можно поголем број, гласајте по сопствената свест и совест и воопшто не се плашете од заканите и уцените кои ги има секојдневно од страна на диктатурата во заминување.

Ако излеземе во огромен број, а јас сум убеден дека ќе го направиме тоа, тогаш му остануваат само уште два дена на режимот да си ги пакува куферите и да замине засекогаш од политичката сцена во Република Македонија.

Гласајте за сегашноста, гласајте за иднината на Република Македонија, гласајте за себе, за своите деца, за своите внуци. Најдобар начин да го направите тоа е да го заокружите борјот 4 во сите шест изборни единици со што се отвараат нови перспективи за Македонија, вртиме нова страница во македонската историја и почнуваме да одиме по патот по кој одевме пред 10 години, а тоа е насоката кон модерните, современи просперитетни, европски држави и нации –  рече Пендаровски.