(ВИДЕО) Пендаровски: Овие избори ќе бидат референдум за Македонија, или диктатура или демократија

0
957

Носителот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски, заедно со претседателот на СДММ, Стефан Богоев денеска разговараа со младите од Струга.

Младите се пожалија дека како и во целата Македонија и во Струга младите масовно се иселуваат поради загрозена егзистенција и лоши услови за образување.

Оваа мобилизација од страна на младите луѓе овде ни покажува дека сме на вистинската страна. На страната на Македонија. Овие избори ќе бидат референдум за Република Македонија. Или диктатура или демократија, слобода, праведна и напредна Македонија. Друг избор нема. Затоа, сите заедно качувајте се во возот кој води кон демократска, европска и праведна Македонија, рече Пендаровски пред младите во Струга.

Во последните 10 години над 600 илјади ваши другарки, другари, пријатели, роднини, браќа, сестри, ја напуштија нашата земја, поради погрешните, криминални приоритети на власта во заминување.

– Ова не е борба на една генерација, ова е борба на сите генерации. Потребна ни е енергијата на младите и умот на повозрасните, со цел да ја нормализираме земјата, додаде Пендаровски.

Претседателот на СДММ, Стефан Богоев зборуваше за мерките од Програмата на СДСМ за подобра и сигурна иднина на младите.

– Младите се иселуваат поради тоа што немаат работа, има лоши услови за образование и не гледаат перспектива. СДСМ има Програма за сигурна иднина на младите во сопствената држава, кадешто младите ќе имаат ќе имаат можност со своето знаење, труд и посветеност да добијат сигурна работа којашто нема да зависи од партиската книшка, рече Богоев.

Во првите 100 дена новата влада на СДСМ ќе го укине екстерното тестирање. Освен реформите во образованието, ќе ги реконструираме сите студентски домови и ќе отвориме два нови модерни студенстски градови. Онака како што и наликува на Македонија за да биде рамо до рамо со европските градови, додаде тој.

– Ќе вложуваме во иднината на младите а не во споменици, жални врби и бронзени коњи. Преку проектот младинска гаранција, по завршувањето на образованието младите ќе добијат шанса за работа, пракса, тренинг или дообразување. Ќе отвориме 16 бизнис центри во државата, со целосна поддршка на бизнис идеите на младите луѓе, административно но и со конректна финансиска помош од 10.000 евра. Така ќе се отворат нови работни места со достоинствени, повисоки плати, рече Стефан Богоев, пратеник и претседател на СДММ во разговорот со младите од Струга.