(ВИДЕО) ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО БЕРОВО ПОДОБРЕНА КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА – ОВА СЕ ДЕЛ ОД ПРОЕКТИТЕ

0
1477

Патната инфраструктура во Берово и Малешевијата подобрена како никогаш досега
И во услови на пандемија градиме по план, современа инфраструктура за современа држава

Дури и во вонредни околности, во услови на пандемија не запира градежената офанзива.
Сега гради низ целата држава, низ сите региони, се гради во Берово и Малешевијата како никогаш досега.

Се движиме сите низ Берово, низ Малешевијата, низ државата, лесно е да види и забележи колку патишта се изградени, реновинрани, реконструирани и колку се од корист на сите граѓани.

Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика. Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. Тоа е новото нормално, на овој начин и помагаме на економијата во многу важен период.

Да наброиме неколку улици кои во мандат од 3 години се направени, реконструирани, реновирани, почнати целосно одново.

1. Улица „Плачковица“ – калта заменета со бехатон плочки
2. Улица „Јуриј Гагарин“ – целосна реконструкција на улицата во должина од 210 метри.
3. Улицата „23 Август“ неодмна блесна и донесе нов сјај и убавина на центарот на Берово
4. Улицата „Моша Пијаде“ село Русиново се реконструира.
5. Улицата „Број 3“ во село Мачево се реконструира.
6. Улицата „Прохор Пчински“ – калта заменета со бехатон плочки
7. Улицата „Којова Ливада“ – асфалтирана во должина од 380 метри
8. Улицата „Гоце Делчев“ – Русиново асфалтирана во должина од 450 метри
9. Улицата „Моја Пијаде“ – Берово, целосно асфалтирана 1450 метри
10. Во село Смојмирово асфалтирававме улица од регионалниот пат до црквата.
11. Асфалтирани во Берово улиците Малешка, Бел Камен, Марксова, Карпош, Крушевска Република и Ѓуро Ѓаковиќ.
12. Асфалтирана улицата „Борис Кидрич“ во Берово.
13. Асфалтирана уливата „„Димитрие Туцовиќ“, во Берово
14. Поплочена со бехатон плочки уличката „Јане Сандански“.
15. Реконстуиран патот Берово – Клепало, го чекаме финалното завршување на последната делница од страна на Р. Бугарија за да може да се пушти граничниот премин.

И уште многу други…

Ниеден единствен денар не е отиден погрешно, на стиропор или гипс картон за барок кој на никој не му е потребен.

Инвестициите во инфраструктурата се важни не само за брз и безбеден сообраќај, важни се затоа што отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на сите граѓани.
Градиме 260 км автопати. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1500 км постоечки патни правци.
Досега, изграден и пуштен е во употреба автопатот Миладиновци-Штип, а патните правци Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат комплетно пуштени во употреба во следниот период.

Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, градиме за секое населено место да е подобро поврзано со останатите, градиме за да обезбедиме силен локален економски развој.
Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта, трошоци за санирање на штетите, но тоа не не обесхрабри.
Напротив, ние со спротивен пристап, со домаќински, чесен и одговорен, европски однос инвестираме во најнеопходните работи за современа држава – инфраструктура за сите. Инвестираме во иднината и во самоодржливоста. Инвестираме во се она што е важно за граѓаните и државата.

Да ја видиме и признаеме разликата.
Ветуваме дека Можеме и подобро, можеме и Повеќе.

Фејсбук статус на Звонко Пекевски.