(ВИДЕО) ОСМАНИ: Добивме 25 респиратори од амбасадата на Норвешка, 30 од фондот на ЕУ, плус добиваме 4 милиони евра помош

0
881

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, на прес-конференција истакна дека наскоро Македонија ќе добие 55 респиратори, а ќе има уште од Кина, која во моментов е „преплавена“ од барање за респиратори од многу земји.

„Обезбедивме 25 респиратори од амбасадата на Норвешка, и се наоѓаат во депо во Турција, и сега преговараме како да ги транспортираме до тука. Од фондот на ЕУ добивме 30 респиратори, и тие се во Кина, исто така бараме начин како да ги донесеме.

Имаме позитивен одговор за респиратори од Кина, но поради фактот што 100 земји бараат респиратори од таа земја, не можам да го знам точниот број на респиратори кои ќе ги добиеме од Кинезите.

Во разговор со еврокомесарот за проширување Вархеј, ќе ги активира итно 4 милиони евра помош за здравството во справување со коронавирусот. Сметам дека датумот за почеток на преговори дојде во вистински момент, и можеме да сметаме на оваа помош“, изјави Османи на денешната прес-конференција.