(ВИДЕО) Орав: Партиите не можеа да се договорат за едно прашање

0
1681

Четирите политички партии потписнички на Пржинскиот договор вчера не постигнаа договор за преодна влада.

Несогласувања имало околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи  за предлози и смени во кадровската политика. По  разговорите кои траеја со часови амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав кој рече дека има значајни поместувања,  постигнат бил договор за сите прашања освен за едно.

„Направена е значајна работа. Постигнат е договор околу сите прашања, освен за едно. Се надевам дека преговорите по тоа  прашање ќе продолжат што е можно поскоро“- кажа Орав.

Преговорите вчера започнаа во 13.30 часот, по што следуваа две паузи за консултации.

Ниту еден од партиските претставници Радмила Шекеринска од СДСМ, Имер Алиу од ДПА, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ,  и Артан Груби од ДУИ по средбата не дадоа изјава за медиумите.

Она што е договорено е дека Владата ќе има мандат од 100 дена и би била функционална од август, ако изборите се одржат до крајот на годината.

Составот на ад-хок телото ќе го предложат партиите, 4 члена, додека петтиот член ќе биде избран по договор меѓу избраните. Тоа тело ќе санкционира и мониторира како ќе известуваат медиумите 100 дена пред изборите. За избирачкиот список оние гласачи од спорните 40 000 што нема да се пријават на јавниот повик ќе бидат избришани.

Видео : А1он