Прес конференција на Миле Талевски – претседател на ОО СДСМ Прилеп
Го исполнуваме дадениот збор пред граѓаните и ја продолжуваме градежната офанзива во општина Прилеп.
За прв пат, после 40 години го реконструираме патот за Мариово, односно дел од регионалниот пат Витолиште – Лагово.
Во полн ек се градежните активности на најоштетениот дел од овој регионален пат, потегот помеѓу населените места Штавица и Бонче, каде во должина од 7 километри ќе биде поставен целосно нов слој на асфалт.
Со реконструкцијата ќе бидат санирани и двете свлечишта, кои претставуваа закана за учесниците во сообраќајот на овој регионален пат.
Со ова, го исполнуваме главното барање на жителите од мариовскиот крај и на сите кои секојдневно возат и патуваат по регионалниот пат Витолиште – Лагово.
Како одговорна партија покажавме и докажавме што значи да се враќаат парите кај граѓаните, да се остварува ветеното и да се подобрува животот на граѓаните.
Огромна е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во пристапот кон капиталните инвестиции и развојот на инфраструктурата.
ВМРО-ДПМНЕ потроши над 700 милиони евра за Скопје 2014, додека СДСМ за две и пол години изгради и реконструираше патишта во вредност од 800 милиони евра.
Граѓаните го препознаваат правиот пат по кој заедно се движиме. Затоа на 12 април ќе ги поддржат победничките политики на СДСМ.