Обраќање на Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, на дебатата на тема “Прочистен Избирачки список (не) возможна мисија”:
Постојат два клучни факти коишто никој не може да ги негира.
Македонија има проблем со слободните избори. Затоа што се употребуваат инструменти за злоупотреба на избирачкото право.
Еден од инструментите е Избирачкиот список.
Затоа има предмет оформен од Специјалното јавно обвионителство каде што се третираат изборните нерегуларности. Тој предмет и судскиот процес, ќе покаже што се случувало на денот на изборите и што се случувало со избирачкиот список.
Вториот факт е дека и покрај наводното прочистување на избирачкиот список, има нови околу 5.000 повеќе избирачки од претходно, што е многу нелогично.
Окупацијата на институциите во Македонија, партизираната окупација во изминатите 10 години покажува дека е срушен системот на функционирање на државата.
Затоа се појавуваат институционалните проблеми а една од најголемите проблеми е немањето политичка волја на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се спроведат фер и демократски избори.
Затоа што нивното владеење се сведува само во бројки, бројки во гласови и бројки во пари.
Ова е шанса, момент, кога Македонија мора да истрае во процесот за да се направи нешто во делот на Избирачкиот список.
Реформи со оваа Влада, со оваа партија којашто ги окупираше институциите не се можни и тоа никој не го очекува. Но, да ги сведеме на минимум проблемите коишто постојат, и во Избирачкииот список и во медиумите е нешто за што мора да се избориме.
Не само да констатираме да, го прочистивме Избирачкиот список туку да се спроведат и реформи на целиот систем. А за да се случи промени на системот мора да има сеопфатни реформи.
ДИК го објави списокот, имаше премногу реакции и пријави од граѓаните за бројни нерегуларности и се тоа се занемарува.
Само декларативна волја постои за прочистување вистинско на избирачкиот список. Иако МВР направи мешани комисии за да може заеднички да се води процесот и да се обезбеди веродостојност.
Тоа можеже да се направи ако имаше волја, да се проверат состојбите и да се констатира реалноста. Ама сите да бидат ослободени од партиска или криминална позадина.
Малиот број на гласачи коишто беа доставувани до МВР од ДИК беше лесно проверувано. Проблемот настана кога беа доставени за проверка над 72 илјади избирачи, доставена до МВР за проверка. Тука настанаа несогласувањата.
Јас не ги потпишав податоците до ДИК затоа што не можам и нема да се согласам никогаш да за одредени податоци коишто не постојат во МВР да потпишам дека постојат.
Од тие околу 70 илјади лица коишто се проверуваа, а се проверуваа рачно од страна на МВР, се констатираше дека околу 18 илјади немаат никаков документ, никаква апликација за вадење на лична карта или патна исправа.
Тука настана проблемот.
Наместо да се провери состојбата на терен, имавме доставување на податоци, со потпис на дополнителниот заменик министер Чаков и се покажа начинот на којшто ДИК одлучува е политички.
Личниот интерес се става во функција на партискиот интерес на штета на општиот интерес на граѓаните и државата.
Тоа е само еден дел.
Вториот сегмент беше тоа што не се дозволи 124 илјади избирачки воопшто да бидат проверени во МВР.
Од тие 124 илјади, 16 илјади се повторуваа, а 107 илјади останаа коишто требаше да бидат доставени до МВР.
ДИК спротивно на методологијата и прописите донесе одлука да не се проверат.
Се водеше различна манипулација со етничкиот состав но реалната слика беше дека сите се граѓани на РМ од различни етнички состав.
Логично е дека тие се заминати од Македонија.
Тврдам дека тоа се луѓе коишто се надвор од РМ и треба да бидат на посебен извод од избирачкиот список.
Официјалниот податок од случајно проверени 5.000 луѓе беше дека над 4.000 се заминати од Македонија.
Понатаму фактот што најдофвме 35 илјади лични карти во МВР коишто стоеа низ секторите и одделенијата на МВР неподигнати.
По Закон неподигната лична карта не произведува правни последици, не е пуштена во правен промет. А тие податоци се најдоа во Избирачкиот список.
Тоа сомнежот којшто се раѓа кај мене и кај граѓаните на РМ дека тие лични карти се злоупотребуваат на денот на изборите.
Сега за среќа се наоаѓаат во СЈО и сите очекуваме да се дадат одговорите и да се расчисти таа ситуацијата.
Има услови колку-толку да се прочисти избирачкиот список.
Но потребни се и сеопфатни реформи на системот преку департизација на институциите.
А за да се случат реформи потребни се демократски промени во Македонија.