(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп – Јочкоска : Скандали го тресат образованието во Прилеп, следува одговорност за директорите

0
146

Цветанка Јочкоска, претседател на Комисијата за образование

На неколку дена пред почетокот на второто полугодие, нови анегдоти поврзани со образованието се случуваат во нашите прилепските училишта, кои се раководени од директори назначени од градоначалникот Илија Јованоски.

Пред околу еден месец сеуште се сеќаваме како без никакво оправдување беа поништени конкурсите за избор на наставници по физичко воспитување,  со некаква наводна техничка грешка, речиси во сите основни училишта во Прилеп.

Штетата за ваквите постапки е направена и истата ќе ја сносат со својата морална и кривична одговорност директорите на училиштата.

После ова, повторно се распишаа конкурси за пополнување на слободните места во училиштата на определено време, иако задоцнето, бидејќи според законот за основно образование интервентното ангажирање може да трае само 3 месеци.

Пријавените кандидати на овие конкурси се обврзани да полагаат познавање на Македонски јазик и кирилско писмо, и замислете сите полагања беа закажани во ист термин.

Прашуваме: Дали е точно дека тестот по Македонски јазик им е претходно даден на членовите на СДСМ, а кандидати за наставници, во просториите на СДСМ Прилеп?

Дали тестот бил така направен што за некои прашања и советниците по македонски јазик би се подзамислиле?

Парадоксот да биде поголем во дел од училиштата од страна на Училишните одбори се донесени и правилници за вработување, кои се законски неиздржани и според кои финалниот збор во одлучувањето го има директорот преку интервју со кандидатите?

Дали е ова образованието што ни го ветуваа Илија Јованоски и Миле Талески.

Бараме кривична одговорност и оставки од сите инволвирани.

Редно време е да се разбуди обвинителството и да ги испита сите активности на директорите назначени од Илија Јованоски и локалната власт на СДСМ.

На крајот ве потсетуваме дека по 12 април, ќе одговарате сите што си поигрувате со интелектот на кандидатите за наставници,но и на граѓаните кои свесно и противзаконски ги манипулирате.