(ВИДЕО) ОК ВМРО ДПМНЕ ПРИЛЕП : Цели 8 месеци Јованоски реконструира мовче вредно 500.000 евра, а работата не е мрдната од мртва точка

0
1308

ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп при Регионалниот центар за комуникации Прилеп.

Се наоѓаме пред фамозниот долговетуван проширен и реконструиран мост кој градоначалникот Илија Јованоски и Миле Талески им го ветуваа на граѓаните на Прилеп.

Овде има се’ само не и мост. Еве каде и како завршуваат цели 30 милиони денари или околу 500.000 евра на прилепчани, колку што беа предвидени за реконструкцијата на овој мост.

За осум месеци, колку што поминаа откако започнаа работите тука, луѓе градат  цели висококатници и населби, а локалната власт во Прилеп успеа само да го раскопа просторот и да им го загорчи животот на жителите од населбата Сточен пазар и Жабино маало.

Ако цели 8 месеци немаат ниту малку мрднато од мртва точка, замислете уште колку време  жителите од овој дел на градот ќе ја дишат прашината тука и ќе стравуваат за својата и безбедноста на своите деца.

Замислете доколку за реконструкција на едно вакво мовче, со оглед на должината, им треба половина од мандатот, колку ли ќе им треба да го реконструираат булеварот “Гоце Делчев” во центарот на градот и каков се хаос ќе предизвикаат таму.

Почитувани,

Граѓаните се свесни дека станува збор за уште една лага и популистичко ветување на СДСМ, Јованоски и Талески. Наместо подобрување на безбедноста и протокот во сообраќајот, нивната неспособност создава хаос во целиот град.

Што ли треба да се случи, дали е потребно да настане некоја несреќа па да се среди оваа раскопина тука?

Ги прашуваме локалните власти кога планираат да продолжат со работа и дали воопшто планираат да го завршат овој проект?

Дали се точни гласините кои допираат до нас дека се подготвува анекс договор на дополнителни 150.000 евра, за да се продолжи со работа?

Граѓаните мораат да добијат одговор на овие прашања, или ќе го изразат својот револт.

Ако обвинителството ја отфрли иницијативата за кривична одговорност, која Антикорупциска ја понесе за вработувањето на вашата внука во општина Прилеп, за овие 500.000 евра веруваме дека нема да молчат и ќе испитаат како се трошат парите на граѓаните.

За крај ви порачуваме дека граѓаните на Сточен Пазар и Жабино маало нема да ви го простат ова безредие и ќе ве казнат вас и вашата башибозук партија на 12-ти април.