(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП – Тодороски : Поради неспособноста на СДСМ во знак прашање ставена егзистенцијата на 10.000 семејства

0
319

Зоран Тодороски, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг период предупредува дека власта на СДСМ го пресуши и опустоши вештачкото езеро во Прилеп.

Поради нивната неспособност да менаџираат со езерото, во прашање е ставена иднината на 10.000 земјоделски семејства од целиот регион, чии земјоделски култури ќе останат без вода.

Но, се чини тоа не значи ништо за надуените и лицемерни функционери од СДСМ, за кои очигледно поважни се огласите за вработување на нивните роднини и партиски војници, а народот нека гладува.

Апелиравме со најдобра намера, се додека можеше да се спречи оваа катастрофа и да се спаси езерото и земјоделците.

Сега веќе е јасно дека земјоделците одново ќе се соочат со недостиг од вода за наводнување, бидејќи на само неколку месеци од почетокот на работата во полињата езерото речиси е празно.

За оваа еколошка катастрофа која и оваа година им се подготвува на земјоделците некој мора дебело да одговара.

Ве прашуваме, како ли без малку срам се појавувате пред нив, пред оние кои деноноќно работат за да обезбедат егзистенција за нивните семејства и барате гласови?

Зарем ви е малку тоа што стотици тутонопроизводители од Прилеп и прилепско деновиве ги оставате без пари и без откупен тутун, па оваа година планирате да ги оставите и со празни ниви?

Како планирате да го наполнете езерото чиј вкупен капацитет изнесува 6 милиони метри кубни вода?

Дали можеби планирате езерото да го полнете со пивка вода од Студенчица, а сето тоа да биде на товар на граѓаните?

Вие сте срам за Прилеп, бидејќи се’ што фативте запустивте и уништивте, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12-ти април.

На 12-ти април доаѓа крајот на вашето расипничко владеење, доаѓа крајот на политичарите желни само за кариера и понење на сопствениот џеб.