(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП – Ристески : Прилеп го тресат скандали, а градоначалникот половина мандат го помина во Германија

0
1265
Прес конференција на Петар Ристески – Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ
Прилеп.

Башибозукот на СДСМ на власт продолжува да си игра мајтап со трпението на граѓаните.

Откако вчера обелоденивме за нови можни злоупотреби со парите на граѓаните од страна на градоначалникот Илија Јованоски, од неговата партизирана администрација одговорија со две реченици соопштение, за тоа дека поставениот споменик во Дабница бил подарок.

Така е тоа кога повеќе нема никакво друго алиби, кога сите лаги му се потрошени и кога човек е влезен во ќорсокак, соочен со одговорноста која наскоро ќе го стигне.

Ако споменикот во Дабница бил подарок, зошто тогаш на 29.10.2019  сте објавиле тендер со намена за реставрација и заварување на бронзената статуа, како и изработка на калап и одливка на копија од статуата?

Зошто сте објавиле тендер за споменик кој бил подарок, го поставивте споменикот на 3-ти ноември, а тендерот траше до 5-ти ноември?

Каде ви е документацијата за примениот подарок и со која одлука и на која седница на Совет го изгласавте тоа?

Со кој датум е изјавата за подарок  на споменикот?

Кога е склучен договорот за примање на подарокот?

Дали на објавениот тендер добивте понуди од заинтересирани изведувачи?

Градоначалниче, ова се сериозни сомнежи за кои сооштение од две реченици не ве вади пред очите на јавноста.

Со ваков игнорантски однос се служевте пред извесно време кога ве прозвавме за изградбата на дивоградба во градскиот пазар, па на крајот се покажа дека таму градат ваши роднини.

Сега одново пробувате да манипулирате со сите, граѓаните, медиумите, со сите на кои им ветувавте транспарентност, одговорност и отчетност.

Верувајте сите овие сомнежи ќе бидат во целост ревидирани после 3-ти јануари, кога најпрво деспотот Заев, а потоа и вие ќе си одите од политичката сцена.

На крај ви порачуваме, ајде конечно приберете се од таа Германија до каде летате секој месец. Приберете се и соочете се со оние кои ви ја дадоја довербата за прв човек на општината!