(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП – Ирена Стерјовска – Локвенец : Фабрики и нови работни места нема, веселата дружина на Заев ги преспа изминатите три години

0
1427

Прес конференција на Ирена Стерјовска Локвенец, претседател на УЖ при ОК ВМРО-ДПМНЕ

Збунетата министерка за странски инвестиции, Зорица Апостолска, која и самата пред медиумите не знаеше колку инвестиции се влезени во Македонија и Mила Царовска, министерката која направи “парам парче” во Министерството за труд и социјала, вчера беа во индустриската зона Алинци и зборуваа за нови вработувања.

Замислете луѓето кои не донесоа ниту едно ново работно место во Прилеп и не отворија ниту една нова фабрика во индустриските зони, зборуваат дека отвориле илјадници нови работни места, а заслугата била токму нивна.

Срамно, комично и потценувачки за сите жители на прилепскиот регион!

За веселата дружина на Зоран Заев која ги преспа изминатите 3 години на власт, фабриките во технолошко-индустриската зона Алинци кај Прилеп се научна фантастика.

Сите три компании во оваа индустриска зона, Гентерм, ВИК и Акомпласт, се инвестиции кои ги донесе претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а денеска тука работат неколку илјади луѓе.

Овие фабрики ја преполовија армијата на невработени луѓе кои без работа ги остави токму СДСМ во периодот на транзицијата.

За разлика од периодот кога во индустриската зона Алинци се носеа и отвараа нови фабрики, СДСМ во изминатите 3 години не донесе ниту потенцијален заинтересиран инвеститор, но кога се работи за сликање и фотографирање тие се први.

Царовска вечера пред медиумите повторно без малку срам и грижа на совест го спомна и Еуркомпозит и истакна дека го решавале проблемот.

Вистината е следна! 60-мината вработени цели 4 месеци немаат примено ниту денар плата, во фабриката е исклучена струјата, а оние 154 лица кои си заминаа имаат добиено само 500 евра обештетување од ветените 1500.

Според нашите информации во наредните денови од работа ќе си заминат и стражарите кои работат во нечовечки услови без затоплување, па фабриката ќе биде оставена на милост и немилост.

Она што СДСМ го направи за Еуркомпозит е постојана промена на директорите кои се менуваа 4 пати во изминатите 3 години. Носат луѓе на раководна функција кои не ги интересираат вработените и работата и само земаат плата како награда за партискиот ангажман.

Затоа во Прилеп нема што да барате на изборите на 12-ти април. Тука ве очекува најголемиот пораз во цела Република Македонија.

Граѓаните го препознаа вашето лицемерие и ќе ви пресудат зад гласачките паравани!