(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп – Златески : “Внимавајте како ги трошите парите на граѓаните, да не се случи крајната дестинација на автобусите да биде Шутка!”

0
1344

Tри дена веќе од СДСМ се сликаат и прават филмови од новите автобуси болиди вредни 1 милион евра народни пари, кои според премиерот Зоран Заев ќе сообраќаат во Полошкиот регион.

Добро е тоа што се набавија нови автобуси, но јавноста сака да чуе одговри за тоа како се потрошени парите на граѓаните, дали постојат нерегуларности околу набавката и дали одредени лични интереси се ставени во преден план…

Денеска повторно прашуваме, како е возможно на еден така голем тендер единствен понудувач да биде фирмата Аутомакедонија АД Скопје?

Дали тендерот еднаш бил поништен, а во повторениот тендер одново како единствен понудувач се јавува само истата фирма, која во првиот обид не доставила банкарска гаранција?

Доколку е така, она што требало да го направи општината е да и даде на фирмата негативна референца, а не да и дозволи да го добие тендерот.

Дали според ова личните интереси и договорите во четири очи имале предност при набавката на автобусите?

Зошто директорката на ЈП за ПУП тврди дека тендерот бил меѓународен, кога на електронскиот систем од Бирото за јавни набавки јасно стои дека не постои меѓународна објава?

Зошто ви беа автобуси на метан кога во Прилеп не постои метан станица и на колкав дополнителен трошок ќе ги изложите граѓаните и општината?

На крајот како ќе ја оправдате цената од по 250.000 евра за секој автобус, кога со обично пребарување на Гугл може да се забележи дека ист ваков автобус чини 150.000 евра?

Повторно ви порачуваме, бидете внимателни и домаќински трошете ги парите на граѓаните, за да не се случи овие четири болиди за крајна дестинација да водат до Шутка.

Овие сомнежи се повеќе од доволно за и Јавното обвинителство да се одважи и да го истражи случајот по допрен глас, што доколку не се случи ќе биде покренато од наша страна.