(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп – Здравески : Низа скандали ги тресат градинките во Прилеп – следува одговорност за сите постапки

0
117
Виктор Здравески, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Советот на Општина Прилеп.

Јавната институција детски градинки “Наша иднина” во Прилеп ја тресат низа скандали.

Сеуште се свежи сеќавањата од пред една година кога од оваа институција испливаа списоци, а јавноста можеше да види дека функционери на СДСМ по партиски клуч запишувале деца во градинките.

Од тогаш до денеска се случуваат еден куп незаконски постапки и дејствија за кои одговорност мора да има.

За ова што следува во продолжение бараме итни одговори од сегашниот директор кој по втор пат менаџира со институцијата Орде Тодороски и неговата претходничка  Бети Спиркоска.

Согласно Законот за вработени во јавниот сектор, во организација со 300 вработени, директорот смее да вработи само 3 лица со договор на дело. Но, тоа не важи за градинките во Прилеп, каде моментално со договор на дело работат над 30 лица.

Директорот Тодороски, заедно со градоначалникот Јованоски и претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талески, си поигруваат со судбината на овие луѓе, бидејќи нивните вработувања се спротивни на Законот.

За една година од џебот на родителите и буџетот на државата за овие лица се исплатени  околу 2 милиони денари, пари за кои некој ќе мора дебело да одговара.

Покрај тоа во оваа институција откако СДСМ е на власт, се измислуваат и работни места кои не се предвидени во Систематизацијата на работни места во градинката.

Таков пример е работното место кое гласи одговорен за технички персонал и кујна, што е само едно од незаконските дејствија што ги преземаат кадрите на СДСМ.

Прашуваме и дали претходната директорка Бети Спиркоска, која 6 месеци ја извршуваше функцијата, се подготвува да биде раководител, иако дипломирала во 2017 година, а потребно е да има искуство во траење од 5 години?

Исто така, дали огласот од пред неколку месеци со кој се вработија 4 негователки и една садомијачка, беше распишан според Систематизација која не е во употреба?

Дали институцијата за овој оглас, по жалба на лица кои конкурирале, доби одлука огласот да биде поништен, а сепак претходно споменатите лица ги вработи повторно со договор на дело?

Почитувани,

Вака СДСМ работи и вака СДСМ владее! Овие скандали на 12ти април ќе им се удрат од глава, а тогаш ќе мораат да дадат одговор за се’.

Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да прави компромис со никого! Одговорност ќе има за секој оној кој се огрешил пред законите!