(ВИДЕО) ОДГОВОРИ НА НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА: Место за паника нема, нова фабрика за тешка индустрија во склоп на Железара нема да се гради

0
437

Соопштение за јавност

Не е вистина дека во Гази Баба ќе се гради нова фабрика за тешка индустрија во рамки на комплексот Железара. Самиот опфат согласно ГУП кои е на важност до 2021 година предвидува и таква намена, но вистината е сосем поинаква.

Со овој објавен оглас се опфаќаат компатибилни намени од Г1, Г2, Г3 и Г4 кои се однесуваат на лесна и не загадувачка индустрија. Исто така во објавениот оглас се предвидува и намени од Д1, Д2, Д3 и Д4 кои се однесуваат на јавно и заштитно зеленило, како и намени Б2 и Б4, односно деловни објекти.

Место за паника нема, граѓаните да бидат спокојни во општина Гази Баба нова фабрика за тешка индустрија нема да се гради.