(ВИДЕО) НУКЛЕАРНА БОМБА НА СПАСОВСКИ: ТАЈНАТА ОПЕРАЦИЈА ЗА 27-МИ АПРИЛ СЕ ВИКАЛА ДИВИОТ АНГЕЛ, ПЛАНОТ БИЛ ОПОЗИЦИЈАТА ДА ТРГНЕ КОН СТОЛЧЕТО НА ТРАЈКО ВЕЉАНОВСКИ И ТУКА ДА НАСТАНЕ КРВАВ СУДИР И ДА ИМА УБИСТВА, НИЕ ГО ДОЗНАВМЕ ТОЈ ПЛАН И ДЕЛУВАВМЕ ТАКА ДА ПЛАНОТ НЕ ИМ УСПЕЕ!

0
373

За настаните на 27 април се креираше приказна и тоа веќе се докажува во судот.

По моите сознанија имало оперативен план, во министерството и партијата, т.н. “Дивиот Ангел”, и врз основа на тој план требало да се спроведат активностите во Собранието и да настане таа катастрофа што требало да настане, во салата за одржување на пленарните седници.

Неслучајно ние како пратеници од парламентарното мнозинство останавме на своите места и од таму ја продолживме седницата за избор на претседател на Собрание.

Планот беше ако се дојде на местото на претседавачот, тука да настане хаосот и можеби убиството да се случи тука.

Ова е креација на болните умови кои тогаш работеа и ова треба јавноста да го знае, за никогаш да не се повтори.