(ВИДЕО) НУКЛЕАРНА БОМБА НА МАКФАКС – 24 ГОДИШНО ДЕТЕ РАЗОЧАРАНО ОД БОКИ 13 : „Боки ми вети нова куќа, И НИШТО ОД ТОА, не стави ниту една цигла “!

0
664

24-годишниот Дејан Костовски е разочаран од неисполнетото ветување на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој уште пред две години јавно се понуди дека ќе му ја направи трошната куќа, во која изби пожар, а тој остана на улица, заедно со неговиот неподвижен татко. По објавите на социјалните мрежи и во медиумите, оваа момче ја извојува битката со институциите и го смести својот татко на геријатриското одделение. На помош се приклучил Боки 13, кој ветил дека Дејан ќе добие нов дом, а за тоа време ќе му плаќа кирија.

„Да, точно е, ја плаќаше киријата речиси цела година, не можам да речам не. Но, куќата е иста како пред две години, и уште полошо. Само покривот го направи, мајстори работеа неколку дена  и толку. Донесоа и нешто градежен материјал и ете внатре си стои така. Ги контактирав неговите луѓе, велеа ќе биде, стрпи се. Потоа почнаа или да не се јавуваат или да даваат изговори дека Бојан е на состанок. Еве сега на крај ми кажаа ‘киријата ти е платена уште овој месец, ние направивме многу за тебе, ако сакаш продади го градежниот материјал’“, раскажува Дејан.

Извор : МакФакс