(ВИДЕО) НОВИ РЕНДЕРИ НУДАТ ДЕТАЛЕН ПОГЛЕД НА SONY XPERIA 1 IV

0
943

Компанијата Sony продолжува да произведува флегшип телефони и продолжува да се натпреварува со најголемите светски производители на мобилни телефони. Но, работи на малку поинаков начин, со поголем фокус на камерите, со различен распон на екранот и со некои дополнителни софтверски функции кои можат да бидат од интерес за одреден круг на корисници.

На пример, минатата есен имавме можност да го видиме SonyXperia Pro-I, со 4K OLED екран и стапка на освежување од 120 Hz и фортмат на екранот 21:9, но и со сензор за главната камера од еден инч. Поради тоа, интересно е да се види што ќе донесе новиот телефон од овој производител – Xperia 1 IV.

Засега имаме конкретни информации поврзани со неговиот дизајн. Судејќи според најновите 3D рендери кои се појавија на LetsGoDigital, новиот смартфон е речиси идентичен со Xperia 1 III што треба да го замени. Тоа значи дека има минималистички дизајн со рамни и заоблени рабови, стакло на предната и задната страна на телефонот и е малку подебел од конкуренцијата.

Овој уред има скоро идентичен облик на камера системот на левата страна на задниот дел на уредот. Овој систем има три сензори, кои најверојатно ќе бидат примарни, широкоаголни и еден со перископ зум. На крајот, изгледа дека и OLED екранот ќе биде идентичен, со ист однос на страници од 21:9, големина од 6,5 инчи, освежување од 120Hz и 4K резолуција. Предната камера е скриена во горната линија над екранот, што значи пак нема модерни punch hole решенија.

Во однос на перформансите, телефонот би требало да пристигне со најновиот Snapdragon 8 Gen 1 процесор со 12GB меморија и 256GB простор за складирање податоци, со можност за проширување со SD картичка. Уредот би требало да се појави во продажба во април. Не знаеме дали ќе биде успешен на пазарот, но наводите оставаат малку простор за оптимизам со идентични или многу слични спецификации како минатогодишниот модел.